„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток
Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март. Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност …
Continue Reading
Општина Илинден објави јавен повик за субвенционирање на велосипеди
Општина Илинден и оваа година објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година. Со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите кои имаат постојано место на живеење на територијата на општината, а кои ќе набават нов велосипед во периодот од 02 март до …
Continue Reading
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија. Бруто платата за за 2025 година беше 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари бруто односно 26.046 денари нето. Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто односно за 1.667 денари нето. Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши …
Continue Reading
(Видео) Зеленски нуди помош против иранските дронови: „Нашето искуство е незаменливо“
Ширењето на војната на Блискиот Исток ја истакнува важноста на украинската експертиза во противвоздушната одбрана, особено во соборувањето на иранските дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање. Зеленски порача дека Киев е подготвен да го сподели своето искуство со сојузниците кои ѝ помогнале на Украина, наведувајќи дека тоа во новонастанатата ситуација станало „во голема мера незаменливо“, пишува …
Continue Reading
Трамп: Разочаран сум од Стармер
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“. Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за …
Continue Reading
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице. Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање. Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Continue Reading
Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и по неисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците
Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка на ризикот од корупција и проверка на законодавството за спречување на корупција. Претседателот на Државната комисија за спречување корупција(ДКСК), Адем Чучуљ вели дека ќе настојуваат да најдат системски решенија против корупција и во секторот животна средина. „Исклучително ни е драго …
Continue Reading
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина. Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, …
Continue Reading
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран. Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила …
Continue Reading