Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека, и покрај напорите за диверзификација на изворите на снабдување со енергија, земјата нема да може целосно да се откаже од руската нафта и гас.
„Промената на географијата е многу тешка. Ќе се обидеме да го диверзифицираме снабдувањето, но нема да можеме целосно да се откажеме од руските извори на енергија“, рече тој во интервју за францускиот весник „Монд“.
Тој оцени дека продолжувањето на конфронтацијата во енергетскиот сектор не е во интерес ниту на Европа ниту на Русија и дека по надминувањето на постојните несогласувања, ниту една страна нема да има корист од продлабочувањето на споровите во таа област.
Претходно, рускиот амбасадор во Унгарија, Евгениј Станиславов, истакна дека соработката во енергетскиот сектор е од заеднички интерес. Во ноември, тој изјави за РИА Новости дека Русија не ја принудува Унгарија да соработува во енергетиката и дека сегашните испораки на гас по долгорочни договори им користат на унгарските потрошувачи.
Според него, доколку Будимпешта одлучи да го промени сегашниот курс, таквата одлука би била донесена спротивно на економската логика и интересите на граѓаните.
Поранешниот премиер Виктор Орбан претходно зборуваше за важноста на руските извори на енергија за Унгарија, кој истакна дека Москва ја обезбедува енергетската безбедност на земјата.
„Нормалните луѓе нема да го заменат сигурниот снабдувач со несигурен“, рече Орбан, нагласувајќи дека стабилните резерви на енергија се клучни за економијата и животниот стандард на унгарските граѓани.
Фото: ЕПА