Затекнати четири лица на градилиште во Чаршијата, можно е во објектот да има културно наследство, велат од МВР
Четири лица биле затекнати како изведуваат градежни работи во објект во Старата скопска чаршија, во кој постои можност да има предмети од културното наследство. Како што информира МВР, лицата биле затекнати вчера околу 18 часот од полициски службеници од СВР Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Загина пешак во Струмичко
Пешак загина во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1:30 часот се случила на влезот во струмичкото село Секирник. Според МВР, „ренџ ровер“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот М.И. од Ново Село, удрил во 47-годишниот Ѓ.К. од Секирник. Пешакот загинал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Струмица. Возачот е приведен и задржан во …
Continue Reading
Кривична за советник во Струга, се сомничи дека изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште
Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишниот А.М. од Струга, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Струга, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа. Според МВР, пријавениот, кој работел како советник и овластен потписник на акти, во текот на 2022, 2023 и 2024 година изработувал лажни решенија …
Continue Reading
Расправија прераснала во тепачка на Меѓународниот аеродром Скопје
На 20 септември во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Меѓународен аеродром Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т.(20) од Тетово и Б.А.(42) од Куманово, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Пациентите нема да шетаат по шалтери, сите снимки, прегледи и терапии на увид кај лекарот – промовирана Стратегијата за дигитално здравство
Во организација на Министерството за здравство денес во Владата беше претставена Стратегијата за дигитално здравство 2026–2030 на лекари, пациентски организации, комори, институции и ИТ експерти. Целта е до 2030 година секој граѓанин да има пристап до своите здравствени податоци, а секој лекар да ја има целосната информација во моментот кога го лекува пациентот. „Денес пациентот ја носи својата историја од …
Continue Reading
Битолскиот театар со „Кориолан“ ќе гостува на фестивал во Саранда, Албанија
Театарската сезона Народниот театар Битола ја започна со богат репертоар, но и гостувања по реномирани фестивали. После гостувањето на Меѓународниот фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица со „Едмонд“, театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп со „Пинокио“, следува гостувањето со „Кориолан“ на „Magical Nights in Butrint“ во Саранда, Албанија. Изведбата ќе биде на 25 септември. Претставата во …
Continue Reading
(Фото) Крис Џенер се пофали со фејслифтингот од 100.000 долари
Крис Џенер (70) се појави во саботата на големото отворање на Музејот на наративна уметност Лукас во Лос Анџелес, а нејзиниот изглед повторно привлече големо внимание. Мајката на семејството Кардашијан-Џенер ги покажа резултатите од фејслифтингот на црвениот тепих, за кој, според американските медиуми, потрошила 100.000 долари. Таа пристигна на настанот во друштво на својот долгогодишен партнер Кори Гембл (45). Џенер и …
Continue Reading
„Додека не се пензионире Златната топка треба да оди кај Меси“
Човекот што ќе ја наследи капитенската лента во репрезентацијата на Аргентина, од Лионел Меси, Кристијан Ромеро, отворено агитира за славниот сонародник во приказната околу Златната топка. Ромеро вели дека Меси е единствениот што заслужува да ја добива престижната награда секоја година. „Златната топка треба да му се даде на Меси. Додека не се пензионира, тоа е јасно. Никој не е …
Continue Reading
Македонскиот КИЦ во Загреб партнер на меѓународниот поетски фестивал „Poetic Bridge Festival“
Македонскиот КИЦ во Загреб како земја партнер зема учество на меѓународниот поетски фестивал „Poetic Bridge Festival“, посветен на поезијата како универзален јазик што ги поврзува луѓето надвор од јазичните, културните и генерациските граници. Фестивалот се одржа во Центарот за култура Трешњевка (CeKaTe) во Загреб, а Македонија на фестивалот ја претстави реномираната македонска поетеса Сузана В. Спасовска. На свеченото отворање на …
Continue Reading