Трамп потврди нови американски напади врз Иран


tramp-zelenski-i-eu-epa-13270829.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската војска извршила нови ограничени напади врз Иран, при што бил погоден ирански систем за противвоздушна одбрана, потврди американскиот претседател Доналд Трамп. Тој операцијата ја опиша како мала воена акција, тврдејќи дека системот бил онеспособен за само неколку минути.

„Изградиле мал систем за противвоздушна одбрана, а ние го онеспособивме за околу 15 минути, можеби и за пет“, изјави Трамп пред новинарите при пристигнувањето во Вест Палм Бич, Флорида. Тој не откри дополнителни детали за целта на нападот.

Претходно, иранските државни медиуми објавија дека две експлозии одекнале на островот Кешм, во стратешки важниот Ормуски Теснец.

Американски претставници претходно соопштија дека поголемиот дел од иранските системи за противвоздушна одбрана биле уништени или сериозно оштетени за време на израелските бомбардирања во јуни 2025 година, како и во почетната фаза од актуелниот конфликт.

Американската војска и во понеделникот соопшти дека извршила, како што беше наведено, одбранбени напади. Тогаш експлозии биле регистрирани на островите Кешм и Хенгам, во Ормускиот Теснец, како и во крајбрежната област во близина на Бандар Абас.

Нападите извршени во петокот се првите по тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на Трамп на меѓуизборите во вторникот во САД. Републиканците ја загубиле контролата врз двата дома на Конгресот, а меѓу причините за ваквиот резултат се наведуваат незадоволството на гласачите од начинот на кој Трамп го води конфликтот и високите цени на горивата, кои влијаат врз речиси сите сектори на светската економија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK