Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Живееме во регион каде многу пати низ историјата се покажа дека судирите, освен болка и загуба, не носат ништо добро. Тие оставаат празнини во семејствата, рани во заедниците и сенки врз иднината. Тие искуства нѐ учат дека мирот има највисока вредност, но и дека е избор. Затоа се значајни постојаните заложби за негово чување, рече државната секретарка во Министерството за …

Continue Reading

Кавадарци се збратими со кинескиот град Јуви

Денеска се одржа официјална средба меѓу претставници на Кавадарци и кинескиот град Јиву, на која со онлајн церемонија беа потпишани документите за воспоставување збратимени односи меѓу двата града, соопштија од Левица. Според партијата, ова претставува конкретен чекор во продлабочувањето на врските меѓу Македонија и Народна Република Кина и уште еден резултат на меѓународната активност и соработката што Левица ја гради …

Continue Reading

Македонскиот рубин добива систем на заштита: од заштитено име до меѓународна афирмација

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат и правна заштита на географскиот назив, до формирање Комисија која ќе обезбедува стручна контрола, квалитет и следливост. Министерката Сања Божиновска истакна дека заштитата на „Македонски рубин“ не е …

Continue Reading

Затекнати четири лица на градилиште во Чаршијата, можно е во објектот да има културно наследство, велат од МВР

Четири лица биле затекнати како изведуваат градежни работи во објект во Старата скопска чаршија, во кој постои можност да има предмети од културното наследство. Како што информира МВР, лицата биле затекнати вчера околу 18 часот од полициски службеници од СВР Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Загина пешак во Струмичко

Пешак загина во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1:30 часот се случила на влезот во струмичкото село Секирник. Според МВР, „ренџ ровер“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот М.И. од Ново Село, удрил во 47-годишниот Ѓ.К. од Секирник. Пешакот загинал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Струмица. Возачот е приведен и задржан во …

Continue Reading

Кривична за советник во Струга, се сомничи дека изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште

Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишниот А.М. од Струга, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Струга, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа. Според МВР, пријавениот, кој работел како советник и овластен потписник на акти, во текот на 2022, 2023 и 2024 година изработувал лажни решенија …

Continue Reading

Расправија прераснала во тепачка на Меѓународниот аеродром Скопје

На 20 септември во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Меѓународен аеродром Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т.(20) од Тетово и Б.А.(42) од Куманово, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Пациентите нема да шетаат по шалтери, сите снимки, прегледи и терапии на увид кај лекарот – промовирана Стратегијата за дигитално здравство

Во организација на Министерството за здравство денес во Владата беше претставена Стратегијата за дигитално здравство 2026–2030 на лекари, пациентски организации, комори, институции и ИТ експерти. Целта е до 2030 година секој граѓанин да има пристап до своите здравствени податоци, а секој лекар да ја има целосната информација во моментот кога го лекува пациентот. „Денес пациентот ја носи својата историја од …

Continue Reading

Битолскиот театар со „Кориолан“ ќе гостува на фестивал во Саранда, Албанија

Театарската сезона Народниот театар Битола ја започна со богат репертоар, но и гостувања по реномирани фестивали. После гостувањето на Меѓународниот фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица со „Едмонд“, театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп со „Пинокио“, следува гостувањето со „Кориолан“ на „Magical Nights in Butrint“ во Саранда, Албанија. Изведбата ќе биде на 25 септември. Претставата во …

Continue Reading