ВМРО-ДПМНЕ: Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем


alta-banka-.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека опозициската партија се обидува да предизвика паника и да ја наруши довербата во банкарскиот систем.

Реагирајќи на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека одлуките поврзани со банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Оттаму тврдат дека гувернерот Трајко Славески никогаш не изјавил дека одлуката во врска со „Алта банка“ ја донел премиерот Христијан Мицкоски.

Од владејачката партија ја споредуваат состојбата со „Алта банка“ со пропаѓањето на „Еуростандард банка“, обвинувајќи ги Зоран Заев и неговите деловни партнери дека ја уништиле банката со земање кредити без покритие.

Според ВМРО-ДПМНЕ, разликата е во тоа што проблемот со „Алта банка“ е увезен и произлегува од престанокот на работењето на нејзината матична банка во друга држава.

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека се очекува да биде најдено решение за случајот и уверуваат дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK