Oфицијален пречек на претседателката Сиљановска-Давкова во Словенија

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Љубљана беше пречекана од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Претседателките одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на словенечката делегација. Предмет на разговорот беа билатералните односи, македонската европска интеграција, актуелните геополитички состојби, безбедносната архитектура на Западен Балкан и улогата на …

Continue Reading

САД добија ревидиран ирански предлог за прекин на војната

Пакистан им предаде на САД ревидиран ирански предлог за прекин на конфликтот на Блискиот Исток, потврди пакистански извор за „Ројтерс“, додека мировните преговори се чини дека остануваат во застој. „Немаме многу време“, рече изворот кога беше прашан дали ќе биде потребно време за да се намалат разликите, додавајќи дека двете земји „постојано ги менуваат своите услови“. Американскиот претседател, Доналд Трамп, …

Continue Reading

(Видео) „Уште еднаш ви се извинувам што одев во Барселона“

Легендата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, влчера, имаше емотивно збогување со навивачите. Најдобриот стрелец во клупската историја, го одигра последниот натпревар пред домашната публика. На отворањето на „Метрополитано“, во 2017 година Гризман го постигна првиот гол. Во претпоследното 37-мо коло од шпанската Ла Лига, Атлетико ја победи Џирона со 1:0 во Мадрид. Антона Гризман му асистираше на Адемола Лукман во …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Петер Маѓар најавува истрага за 4iG во Унгарија – Вучевиќ во Скопје за спас на пропагандната машинерија на ВМРО и СНС

Милош Вучевиќ, претседателот на СНС, престојуваше во Македонија. Вистинскиот повод за доаѓањето на Вучевиќ и средбата со Христијан Мицкоски е спасување на медиумската мрежа која со години служи за пропаганда на двете сестрински криминални организации – СНС и ВМРО-ОКГ, изјави Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Видовме партиски состанок на којшто присуства и Адамовиќ, почесниот конзул …

Continue Reading

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

Министерството за правда денес организираше стручна јавна расправа за Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, со учество на претставници на правосудните институции, судии, јавни обвинители, државни правобранители, професори, експерти и претставници на меѓународната заедница. Во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков истакна дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против …

Continue Reading

Руни за Салах: Тажно, себично – не би го пуштил да се приближи до стадионот

Легендарниот Вејн Руни ги осуди коментарите на Мохамед Салах по поразот на Ливерпул од Астон Вила (4:2), што го доведе во прашање местото на „црвените“ во Лигата на шампионите. Египетскиот напаѓач откри дека ќе го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната, по натпреварот во Бирмингем го критикуваше начинот на кој великанот игра под палката на Арне Слот. Меѓу другото, тој …

Continue Reading

Срамно е СДС да зборува за економија, a токму тие ја оставија државата со празна каса, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС повторно шири паника, манипулации и лажни катастрофични сценарија, истите оние кои 7 години ја уништуваа македонската економија, ја задолжија државата и ги оставија граѓаните со најниски плати и највисока инфлација, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакцијта на соопштението на СДСМ. „Затоа токму СДС нема кредибилитет да зборува за економија. За време на нивното владеење Македонија беше понижена, економски ослабена и …

Continue Reading

Маѓар до унгарскиот претседател: „Мораш да си заминеш, и ќе си заминеш“

Унгарскиот претседател Тамаш Сулиок ги одби повиците на новиот премиер Петер Маѓар да поднесе оставка, оценувајќи дека не постои правна или уставна основа за таков потег. Во интервју, Сулиок порача дека ќе остане на функцијата и ќе го исполни својот мандат. Партијата ТИСА на Маѓар во април ја порази партијата Фидес на Виктор Орбан, ставајќи крај на нивното 16-годишно владеење. …

Continue Reading

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ соопшти дека очекува цените на авионските билети во летната сезона да останат приближно на ланското ниво. Компанијата објави дека во фискалната година која завршила во март приходите пораснале за 11 проценти и достигнале 15,54 милијарди евра, додека нето добивката скокнала за 40 проценти, на 2,26 милијарди евра. Во истиот период, Рајанер превезол 208,4 милиони патници, што …

Continue Reading