(Видео) Алварез погоди за победа, потоа им се извини на навивачите на Атлетико


julian-alvarez-seen-spanish-supercup-depositphotos_861006990_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, го реши натпреварот против Депортиво Ла Коруња, а потоа им се извини на навивачите. Атлетико, синоќа, слаеше минимална победа, со голот на Аргентинецот постигнат во 48-та минута. Екипата на Диего Симеоне, во десеттото коло ја забележа осмата победа во сеозоната.


Навивачите на Атлетико претходно го критикуваа Хулијан Алварез зато што јавно ја изрази својата желба да се пресели во Барселона. Трансферот не беше реализиран затоа што Атлетико не ја прифати понудата.

Алварез, во екот на Светското првенство изјави дека со трансфер во Барса би си ги исполнил сништата и дека тоа е најдобро за сите страни.

„Сакам да им се извинам на навивачите за она што го кажав за време на Светското првенство. Да бев навивач, и јас би бил лут. Тие ме поддржуваа во текот на последните неколку недели. Сега е време да се фокусирам на работата со тимот“, рече напаѓачот, додавајќи:

„Се чувствувам сè подобро и подобро. Моите соиграчи се исто така одговорни за тоа, кои ме поддржуваа. Работам напорно и се чувствувам сè подобро и подобро. Кога се чувствуваш добро во животот, тоа се гледа и на теренот.“

Алварез има два гола и две асистенции оваа сезона, а Атлетико е на второто место во Ла Лига со 25 бода.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK