Зеленски им нареди на воздухопловните сили: Подгответе се за голем напад

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, им нареди на раководството на украинските воздухопловни сили, Министерството за одбрана и државниот оператор на преносниот електроенергетски систем „Укренерго“ да подготват дополнителни заштитни мерки по разузнавачките информации за можен нов голем руски напад. Зеленски изјави дека им наредил на командантот на воздухопловните сили Анатолиј Кривоножко, министерот за одбрана Михајло Федоров и извршниот директор на Укренерго Виталиј …

Continue Reading

Уапсени две жени од Грција, краделе козметика во трговски центар во Аеродром

Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром. Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција. Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно …

Continue Reading

Пробиен последниот тунел од пругата кон Бугарија

Директорот на Јавното претпријатие Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те, во делот на изградбата на пругата Бељаковце- Крива Паланка. „Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија ( Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се …

Continue Reading

Свлечишта и поплавени домови и улици во Тетово и Гостивар

Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат Регионалните центри за управување со кризи Тетово и Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта, информира Центарот за управување со кризи, според последните информации од терен до 13 и 30 часот. Во Тетово пријавен е паднат потпорен ѕид врз семејна куќа на улица 146. …

Continue Reading

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата, жена насилно внесена во возило – четири случаи на семејно насилство во главниот град

Четири одделни случаи на семејно и партнерско насилство се регистрирани за еден ден во Скопје, при што во еден од инцидентите осомничен нападнал мајка и сопруга со остар предмет, а во друг 27-годишна жена била насилно внесена во возило и физички нападната од поранешниот партнер. На 15.02.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријавила дека на …

Continue Reading

Приведени две лица по напад во угостителски објект во Скопско Поле, пронајден пиштол во возило

Синоќа на улицата Благоја Стефковски во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа А.С.(35) од главниот град. При преглед во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште едно лице, кај него бил пронајден и одземен пиштол. Според информациите од МВР, тој се сомничи дека истиот ден околу 22:00 часот …

Continue Reading

Тројца струмичани осомничени за продажба на екстази

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.М.(33), А.А.В.(23) и А.Ѓ.(23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите, во периодот од октомври 2024 година до февруари 2025 година, пријавените се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на екстази – …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, образовен тоталитаризам, создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите, отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Со една реченица, додаде тој, класична вмровска работа на партизација …

Continue Reading

Лавина во Австрија, двајца сноубордери загинаа

Двајца австриски сноубордери кои беа надвор од пистата на глечерот Штубај во Тирол, западна Австрија, загинаа во лавина, објави полицијата. Мажите, на возраст од 37 години, кои не се вратиле откако излегле на снегот, беа пронајдени синоќа, но спасувачките служби можеа само да ја потврдат смртта, соопшти австриската полиција по големата потрага во која учествуваа спасувачи, кучиња и дронови. Лавините …

Continue Reading