На возраст од 10 до 13 години биле девојчињата за кои постои сомнеж дека ги допирал по телото управителот на образовниот центар во Штип.
Обвинителството информира дека тој е под истрага, а се работи за дело извршено во период од три години.
„Од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото“, велат од Обвинителството.
Како што вчера објави „Макфакс“ на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.