Заврши учебната година, за Јаневска била подобра од претходната, во следната очекува соработка со родителите за справување со врсничкото насилство
Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на …
Continue Reading
Барселона се откажа од Рашфорд, Англичанецот се враќа во Манчестер Јунајтед
Маркус Рашфорд следната сезона нема да настапува за Барселона, откако каталонскиот клуб одлучи да не ја искористи опцијата за откуп на неговиот договор во вредност од 30 милиони евра. Според шпанските медиуми, англискиот напаѓач по завршувањето на позајмицата ќе се врати во својот матичен клуб, Манчестер Јунајтед. Неодамнешниот трансфер на Ентони Гордон беше јасен сигнал дека интересот на Барселона за …
Continue Reading
(Видео) Лефков: Ако продолжи Филипче со понижувачкиот однос кон Бугарија и Радев, уште повеќе ќе се маргинализира
Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според Лефков, програмата на Филипче не ги дава очекуваните резултати кај граѓаните, што, како што рече, може да се забележи и од последните анкети, поради што лидерот на СДСМ се обидува да ја добие поддршката преку приближување кон …
Continue Reading
(Видео) Бојковска: Со „Роаминг како дома”, целосно се усогласуваме со европските легислативи
Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“, истакна Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Со ова, како што рече, ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните. Ова, оценува таа, претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе …
Continue Reading
Минчев од Белград: Реформите се успешни само кога граѓаните се нивни рамноправни партнери
Реформата на јавната администрација не може да биде успешна доколку се спроведува исклучиво во институциите. Таа мора да се гради заедно со граѓаните, преку партнерство, транспарентност и активно учество во процесите на донесување политики. Токму ова беше централната порака што ја упати министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на четвртата регионална конференција „Граѓаните на прво место: Деценија на унапредување на …
Continue Reading
Туширање наутро или навечер? Науката има јасен одговор
Вечното прашање за кое се дебатира е: дали е подобро да се тушираме наутро или навечер? Љубителите на утринското туширање ќе кажат дека нема подобар начин да се разбудите и да го започнете денот свежи. Од друга страна, оние кои се тушираат навечер тврдат дека е клучно да се „измие денот“ и да се опушти пред спиење. Но, што вели …
Continue Reading
Храбро е да се остане нежен во еден суров свет, порачува „Носорози“ на Албанскиот театар. МНТ вечерва со „Страв и надеж“ на „Чернодрински“
Претставата на Македонскиот народен театар „Страв и надеж“ во режија на Татјана Мандиќ Ригонат ќе биде изведена вечерва во 20 часот на големата сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на шестиот ден на МТФ „Војдан Чернодрински“. Улогите ги толкуваат: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски …
Continue Reading
Беким Сали: Северна Македонија меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува целосно …
Continue Reading
СДСМ: Повисоки плати, зголемување на пензиите до 50 отсто и поддршка за ранливите категории во програмата „Твоја држава – твоја шанса“
Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешната прес-конференција ги претстави мерките од програмата „Твоја држава – твоја шанса“, насочени кон повисок животен стандард, повисоки плати и пензии и поголема заштита на работниците. Тренчевска рече дека граѓаните живеат тешко поради постојаниот раст на цените и посочи дека за едно четиричлено семејство денес се потребни речиси 69.000 денари месечно …
Continue Reading