Финалистите од минатата сезона во НБА лигата, Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс, сезоната ја започнаа со два порази. Спарс во дербито на Тексас загубија од Хјустон 114:110, додека шампионите Њујорк паднаа во Бостон 107:103.
Виктор Вембањама доби блокада во последниот напад на Сан Антонио, а потоа Ван Влит од линијата за слободни фрлања стави точка на натпреварот.
Алперин Шенгу го предводеше Хјустон со 29 поени, Кевон Дурент додаде 20, колку што заедно со 10 скока имаше и Ејмен Томпсон.
Кај Спарс најефикасен беше Вембањама со 25 поени и 13 скокови.
AMEN THOMPSON. GAME-SEALING BLOCK. https://t.co/9luLFIX4Pm pic.twitter.com/UiHCEGs2ps
— NBA (@NBA) October 24, 2026
Њујорк Никс загубија во Бостон (107:103). Блескаше Џејсон Тејтум, постигна 36 поени, 25 во второто полувреме. Пол Џорџ и Кеита додадоа по 15. Таунс постигна 22, Ануноби беше блиску до трипл-дабл 20 поени, 10 скока, и осум асистенции.
Во Лос Анџелес, Лејкерси го добија дербито против Клиперс 125:117.
Остин Ривс беше најефикасен во победничкиот тим со 28 поени и девет асистенции, со исклучително прецизен шут од поле (10/13). Дончиќ го заврши натпреварот со 23 поени, шест скока и седум асистенции, но за таков настап потроши 21 топка, погоди осум.
Кеслер продолжи да импресионира на почетокот на сезоната. По беспрекорната изведба против Голден Стејт, тој повторно беше еден од најважните играчи на Лејкерси, со 22 поени, осум скока, шест блокади и три украдени топки. Тој погоди 10 од 14 шута од поле.
Дариус Гарланд ги предводеше Клиперс со 26 поени и шест асистенции. Лопез додаде 22 поени и четири скока, додека Хачимура имаше 16 поени и шест скока против својот поранешен тим.
НБА резултати:
Милвоки – Чикаго, 125:132
Бостон – Њујорк, 107:103
Шарлот – Атланта, 81:128
Индијана – Далас 105:121
Орландо – Минесота, 93:115
Вашингтон – Торонто, 102:112
Мајами – Детроит, 111:128
Сан Антонио – Хјустон, 110:114
Јута – Њу Орлеанс, 120:119
Лејкерс – Клиперс, 125:117
Сакраменто – Портланд, 120:128
Голден Стејт – Мемфис 108:111.