Санчо во Хетафе за 25 пати помала плата од онаа што ја имаше во Манчестер Јунајтед


jadon-sancho-chelsea-breaks-ball-depositphotos_775071504_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џејдон Санчо некогаш беше еден од најбараните фудбалери во светот, а на 26-годишна возраст го фаќа последниот воз за да ја спаси својата кариера.


Крилниот напаѓач од Англија му се придружи на Манчестер Јунајтед во летото 2021 година во трансфер вреден 85.000.000 евра по одличниот период во Борусија Дортмунд, каде што постигна 49 гола и забележа 53 асистенции во 125 настапи за три сезони.

На „Олд Трафорд“ тој целосно „згасна“, но на неговата сметка продолжи да добива 250.000 фунти неделно во текот на петте години стрмен пад. Значи, заработи неверојатни 65.000.000 евра.

Исто така, откако не се снајде во Јунајтед, клубот го испраќаше на позајмици во Дортмунд, Челзи и Астон Вила, но ниту еден од овие клубови не беше во можност или подготвен трајно да го преземе неговиот договор.

Ова лето, поранешниот играч од младинската школа на Манчестер Сити ја заврши соработката со „црвените ѓаволи“ и оттогаш чека нов ангажман. Имаше информации дека Хетафе е заинтересиран за него, и дека се подготвени да му понудат само 400.000 евра до крајот на сезоната, или 10.000 фунти неделно.

Ова е можност за него да се врати на сцената во една од најсилните европски лиги, со дополнителен настап во Конференциската лига.

Анхел Торес, претседателот на клубот, потврди дека Мадрид испратил понуда на адресата на момчето од Лондон.

Би било мудро Џејден да ја проголта својата гордост, да се соочи со реалноста и повторно да се обиде на сончевиот Ибериски Полуостров. Можеби играњето во потопла клима за прв пат во кариерата би му помогнало повторно да се врати во вистинската форма.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK