Епидемиолошката состојба во Гостивар е резултат на партизацијата и јавашлукот на неспособните партиски кадри, велат од Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар. Очекуваaт координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат …

Continue Reading

Тошковски од Гостивар: Случајот целосно ќе се расчисти и одговорност ќе има

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, престојуваше во Гостивар, каде беа реализирани активности за координација на институциите и преземање мерки за надминување …

Continue Reading

Невреме ги зафати Скопје и Куманово, нестабилноста ќе се задржи и во вечерните часови, најави УХМР

Во моментов невреме со пороен дожд и грмежи има во Скопје и Куманово. До крајот на денот и во вечерните часови ќе се задржи нестабилноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер. Ќе има услови за невреме со појава на град. Во текот на ноќта се очекува стабилизација. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има …

Continue Reading

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град се движи кон Скопје

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица се движи кон Скопје и Куманово, предупреди попладнево УХМР. Правецот на движење, според соопштеното е од северозапад кон југоисток. Дел од жителите во Скопје според објавеното на социјалните мрежи информираат за силен ветер кој носи се пред себе. Попладнево и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека Град Скопје е …

Continue Reading

ДОМ: Идентификувањето на виновниците во Гостивар не смее да го амнестира системот кој ја дозволи катастрофата

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор. Овој скандал, додаваат од партијата, не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Според ДОМ, партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано загрозено. …

Continue Reading

Изгоре автомобил во Скопје: огнот зафатил уште две возила, фасада на зграда

Утрово околу 04:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34). Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Исто така, од пожарот оштетен е и …

Continue Reading

Непречено снабдување со безбедна вода за погодените семејства во Гостивар и институционална одговорност бараат од ДУИ

Од Демократската унија за интеграција загрижени поради загадувањето на водата во Гостивар и сериозниот ризик што, како што велат, оваа состојба го претставува за здравјето на граѓаните. Како што потенцираат од оваа партија, безбедноста на водата за пиење е основно човеково право, а секој институционален пропуст во нејзиното гарантирање е неприфатлив. „Надлежните институции мора веднаш, одговорно и со целосна транспарентност …

Continue Reading

Ѓорѓиевски уверува дека попладнево нема да има поплавени улици и отсечени населби: Град Скопје е спремен за невремето

Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со фотографии од чистење шахти и сливници низ градот. Тој доби силни забелешки и од граѓаните и од опозицијата по невремето од почетокот на месецов кога јавниот сообраќај сопре, неколку скопски населби до кои се стигнува преку подвозници и кружни текови останаа отсечени …

Continue Reading

Дрво паднало врз 86-годишна жена во скопски Карпош: со тешки повреди е пренесена во болница

Во СВР Скопје синоќа во 20:25 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје. Жената била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото …

Continue Reading