Дрво паднало врз 86-годишна жена во скопски Карпош: со тешки повреди е пренесена во болница
Во СВР Скопје синоќа во 20:25 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје. Жената била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото …
Continue Reading
Загина велосипедист: се судрил со автомобил кај браната „Гратче“
Вчера околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По …
Continue Reading
Левица: Пукна шемата на ЗНАМ во Пробиштип – кривична пријава за милионска злоупотреба
Пред една година Левица јавно укажа на сериозни сомнежи за злоупотреба на програмите за самовработување во Агенцијата за вработување во Пробиштип, раководен од Илија Петковски – Џани, воедно и претседател на локалната организација на ЗНАМ, велат од партијата Левица и нагласуваат дека власта сега потврдила дека нивните предупредувања не се само политички обвинувања. „Тогаш објавените податоци разоткрија дека средствата наменети …
Continue Reading
Владата го именува Перински за в.д. директор на Фондот за здравствео осигурување
На денешната седница, на предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. „Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, како и …
Continue Reading
Прогласена 30-дневна кризна состојба во Гостивар
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна …
Continue Reading
Опаѓа бројот на новозаразени во Гостивар: вчера се регистрирани 293 нови случаи, во петокот помош побарале 649 луѓе
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, извести Министесртвото за здравство Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи …
Continue Reading
Хоџа и Гиновска: Институциите будно ја следат состојбата, приклучокот за вода во Гостивар е надвор од дозволата
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска заедно со Директорката на инспекторатот за животна средина (ДИЖС) Ивана Гиновска и Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов, одржаа прес-конференција во врска со наодите од увидот на ДИЖС во Гостивар. „Во име на Владата дозволите пред се да ја изразам својата загриженост за сите заболени граѓани …
Continue Reading
Ристсеки од Кочани: Пристигнати се апликации од 1373 компании за вработување на над 1700 лица, повикот за државна помош е отворен со петок
Пред голем број на претставници на бизнис секторот, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денес во Кочани ги презентираше придобивките од Оперативниот план за вработување за 2026 година и го објасни јавниот повик од мерката „Вработување и раст на правни субјекти“. „Со мерката ‘Вработување и раст на правни субјекти’ е предвидена поддршка во креирање на нови работни места во …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за финансии во ниту еден момент не кажа дека нема средства за плати и пензии
ВМРО-ДПМНЕ одговори на тврдењата од СДСМ дека без ребаланс нема да има пари ни за плати ни за пензии. Преку соопштение за јавноста партијата уверува дека СДСМ шири паника и измислува непостоечки финансиски проблеми. „СДС повторно се обидува да создаде паника таму каде што нема проблем. За економијата не се зборува со измислици и политички конструкции, туку со факти и …
Continue Reading