Невреме ги зафати Скопје и Куманово, нестабилноста ќе се задржи и во вечерните часови, најави УХМР


753893319_1489941523170899_5035602100486976516_n-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во моментов невреме со пороен дожд и грмежи има во Скопје и Куманово. До крајот на денот и во вечерните часови ќе се задржи нестабилноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер. Ќе има услови за невреме со појава на град. Во текот на ноќта се очекува стабилизација.


ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK