Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица се движи кон Скопје и Куманово, предупреди попладнево УХМР.
Правецот на движење, според соопштеното е од северозапад кон југоисток.
Дел од жителите во Скопје според објавеното на социјалните мрежи информираат за силен ветер кој носи се пред себе.