Америка заплени ирански танкер во Индискиот Океан

САД запленија танкер поврзан со Иран во Индискиот Океан, објави „Волстрит журнал“, додека Вашингтон продолжува да го зголемува воениот и економскиот притисок врз Техеран и покрај тековните разговори. Танкерот, наречен „Skywave“, беше ставен под санкции на САД во март поради неговата улога во транспортот на иранска нафта и веројатно превезувал повеќе од еден милион барели сурова нафта што биле натоварени …

Continue Reading

Калас: Русија би можела да ја тестира европската одбрана во следните пет години

Намалувањето на военото присуство на САД на европско тло нема да го ослаби одвраќањето на НАТО на неговото источно крило, но Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. „Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана“, изјави Калас на дебата во Европскиот парламент. Таа рече дека намалувањето на …

Continue Reading

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. …

Continue Reading

Челзи ќе покрене судска постапка против Сити

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот од „Стемфорд Бриџ“, планира официјална жалба и потенцијална правна постапка против Сити поради начинот на кој италијанскиот тренер го напушти Челзи претходно оваа година. Мареска ненадејно ја напушти клупата на „сините“ на почетокот на годината, а сега е главен кандидат …

Continue Reading

(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински терен кај Борнмут и со тоа остана на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата. На тимот на Пеп Гвардиола му беше потребна победа во овој натпревар за да остане во трката за титулата, но …

Continue Reading

Путин со делегација од министри и високи функционери пристигна во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Ши Џинпинг ќе разговара за проширување на врските и за горливите глобални прашања, пренесува агенцијата „ДПА“. Путин е придружуван од делегација составена од министри, бизнис лидери и високи функционери, вклучувајќи ја и гувернерката на Централната банка, Елвира Набиулина, како и шефовите на големите енергетски …

Continue Reading

„Златен Елец“ подготвува две нови претстави: „Свињи“ и „Теорема“

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, неодамна почна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Претставата е во копродукција помеѓу Театар „Златен Елец“ и Центарот за култура во Битола, но покрај матичната сцена за претставата, планот е да патува насекаде низ државата како дел од редовната практика на овој независен театар. Во …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирала, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, пред бројни професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор. Предавањето се однесуваше на природата на уставот, како највисок правен акт и најширок и најважен договор меѓу …

Continue Reading

Чешкиот премиер и претседателот во конфликт за тоа кој ќе патува на самитот на НАТО

Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел влегоа во отворен конфликт околу прашањето кој ќе ја претставува државата на претстојниот самит на НАТО, кој во јули ќе се одржи во Турција. Иако Павел, како поранешен генерал на НАТО, редовно присуствуваше на сите самити од преземањето на функцијата во 2023 година, премиерот Бабиш, кој се врати на власт по изборите …

Continue Reading