Ноќеска почнува зимското сметање на времето, стрелките се враќаат еден час назад

Зимското сметање на времето почнува ноќеска, кога стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад. Во 3 часот по полноќ, времето ќе се врати на 2 часот, со што граѓаните ќе добијат еден час повеќе за спиење. Промената се врши во согласност со правилата за сезонско сметање на времето, а истата практика ја применуваат и повеќето европски земји. За …

Continue Reading

Уапсена мајката на осомничениот за терористичкиот напад во Франција, во неговиот стан пронајдена експлозивна замка

Мајката на осомничениот за терористичкиот напад во француските градови Трап и Ла Верјер, во департманот Ивелин, била уапсена синоќа, неколку часа по нападот, објави телевизијата БФМТВ. Нејзиниот 39-годишен син, идентификуван како Кевин Т., е осомничен дека во петокот околу 10:30 часот, од автомобил отворил оган со автоматско оружје по улиците на двата града. Во нападот загинал еден маж, а пет …

Continue Reading

Санчо во Хетафе за 25 пати помала плата од онаа што ја имаше во Манчестер Јунајтед

Џејдон Санчо некогаш беше еден од најбараните фудбалери во светот, а на 26-годишна возраст го фаќа последниот воз за да ја спаси својата кариера. Крилниот напаѓач од Англија му се придружи на Манчестер Јунајтед во летото 2021 година во трансфер вреден 85.000.000 евра по одличниот период во Борусија Дортмунд, каде што постигна 49 гола и забележа 53 асистенции во 125 …

Continue Reading

Во Словачка почнаа локалните и регионалните избори, право на глас имаат 4,41 милион граѓани

Избирачките места во Словачка утрово се отворија во 7 часот за локалните и регионалните избори, на кои граѓаните ќе избираат градоначалници, општински и градски советници, како и претседатели и членови на регионалните власти. Гласањето ќе трае до 20 часот. Право на глас имаат речиси 4,41 милион луѓе, а изборите се спроведуваат на 6.029 избирачки места во 2.926 општини, градови и …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

(Видео) Финалистите од минатата сезона, Њујорк и Сан Антонио се уште се без победа

Финалистите од минатата сезона во НБА лигата, Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс, сезоната ја започнаа со два порази. Спарс во дербито на Тексас загубија од Хјустон 114:110, додека шампионите Њујорк паднаа во Бостон 107:103. Виктор Вембањама доби блокада во последниот напад на Сан Антонио, а потоа Ван Влит од линијата за слободни фрлања стави точка на натпреварот. Алперин Шенгу …

Continue Reading

Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД и ја потврдува усогласеноста со ЕУ

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во емисијата Надворешна-Светот во дијалог на МРТ дискутираше за меѓународните односи на државата и посочи дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД, но и по однос на политичко-економската поврзаност со ЕУ и земјите од регионот. „Јас мислам дека Македонија е добро позиционирана и по однос …

Continue Reading

(Видео) На брегот на Чиле пронајдена речиси петметарска „риба на судниот ден“

Ретка длабокоморска риба долга 4,8 метри е пронајдена на брегот на Тихиот Океан, во близина на градот Мехиљонес, на северот на Чиле. Необичниот морски жител, познат како крал на харингите, повторно го привлече вниманието на јавноста поради прекарот „риба на судниот ден“, кој се поврзува со народните верувања дека нејзиното појавување на брегот навестува земјотреси и цунами. Откритието на плажата …

Continue Reading

(Видео) Марк Маркез го доби спринтот во Австралија- Тежок удар за Хорхе Мартин, ја скрши раката пред крајот на шампионатот

Марк Маркез, на патеката „Филип Ајленд“ во Австралија, ја забележа 24-та спринт победа во кариерата. Возачот на Дукати победи пред помладиот брат, Алекс и возачот на ВР46, Фабио Диџантонио. Хорхе Мартин, кој спринтот го започна како лидер во генералниот пласман, имаше тежок пад, а неговиот тим објави дека има фрактура на раката. Мартин излета од патеката во брзата осма кривина, …

Continue Reading

(Видео) Продавниците во Франција ги заштитуваат излозите пред новите протести

Продавниците и луксузните бутици низ Франција ги заштитуваат влезовите и излозите со дрвени панели, а дел од нив најавија дека ќе останат затворени поради страв од нови грабежи и вандализам за време на денешните протести против високите трошоци за живот и растот на цените на горивата. Стравувањата се засилија по минатонеделните немири, кога маскирани групи ограбија стотици продавници во Париз, …

Continue Reading