Кјер официјално замина во пензија

Данецот Симон Кјер стави крај на професионалната кариера. Кјер беше без клуб од 30.јуни кога го напушти Милан. Последниот натпревар во кариерата го одигра на 8.јуни во дресот на националниот тим против Норвешка. Тој летово имаше неколку понуди од екипи од Лигата на шампионите, но сите ги одби. „Сега навистина е време да го завршам овој дел од мојот живот. …

Continue Reading

Филкруг ќе отсуствува неколку недели

Вест Хем неколку недели нема да може да смета на услугите на германскиот напаѓач Никлас Филкург. Напаѓачот се повреди во петокот, за време на натпреварот од третото коло на ФА Купот против Астон Вила (1:2). Филкруг пристигна во Вест Хем во август 2024 година и оттогаш одигра 11 натпревари, во сите натпреварувања, постигна два гола. Отсутвото на Филкрук е дополнителен …

Continue Reading

Гвардиола „воспита“ млади навивачи: Одете и учете немојте да бркате автограми

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола им одржа лекција на младите навивачи кои дојдоа до него со куп дресови, фотографии и тетратки и му побараа автограм. Гвардиола вообичаено нема проблем да потпишува сувенири, сепак, овој растечки тренд кај младите очигледно почна да го нервира. Харизматичниот тренер бил снимен како им вели повеќе да не го прават тоа, дека повеќе нема …

Continue Reading

„Арсенал не заслужи да загуби, но ние заслуживме да победиме“

Манчестер јунајтед на пенали го победи Арсенал и се пласира во четвртата рунда во ФА купот. „Црвените ѓаволи“ славеа со 5:3 во пенал серијата, откако претходно по 90 и 120 минути игра резултатот беше 1:1. Апосолутен херој на „Емирати“ во Лондон, беше голманот на Јунајтед Алтај Бајиндир. Во регуларниот тек му одбрани пенал на Мартин Одегард, а во пенал рулетот …

Continue Reading

(Видео) Нестварен пресврт на Денвер во Далас, Индијана ја прекина победничката низа на Кливленд

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа победа на гости кај Далас од 112:101, иако домашните Маверикс имаа 19 поени предност на неполни 17 минути до крајот на натпреварот. Ослабениот Далас, кој остана без своите две ѕвезди Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, водеше со 86:67 во осмата минута од третата четвртина. Сепак, до крајот на тој период Нагетс ја намалија негативата на …

Continue Reading

(Видео) Барселона го декласира Реал за 15. трофеј во Суперкупот

Барселона го освои 15. трофеј во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Ријад, Барселона го декласира Реал Мадрид со 5:2 (4:1). Барселона го надигра и го понижи најголемиот ривал во финалниот меч. Каталонците за 26 минути спакуваа пет гола во мрежата на Тибо Куртоа. Колку Реал беше инфериорен говори и податокот дека и со играч повеќе не успеаја да и …

Continue Reading

Дончиќ испадна од конкуренција за индивидуалните награди

Лука Дончиќ повеќе нема да има право да конкурира за индивидуалните награди оваа сезона во НБА лигата. Ѕвездата на Далас Маверикс ќе го пропушти неделниот натпревар против Денвер Нагетс, што не е изненадување со оглед на тоа дека веќе е надвор од теренот поради повреда на левата потколеница и се очекува да отсуствува најмалку уште две недели. Дуелот со Денвер …

Continue Reading

Пи Џеј Доужер се врати во Европа

Американскиот кошаркар, Пи Џеј Доужер се врати во Европа. До крајот на сезоната ќе го носи дресот на Анадолу Ефес. Доужер, неодамна доби отказ од НБА, откако челниците на Минесота решија да го раскинат неговиот договорот. Крилниот бек, минатата сезона прв пат во кариерата играше во Европа, го носеше дресот на Партизан. Сезоната в Белград не беше сјајна за него, …

Continue Reading

Наполи на „Олд Трафорд“ ја најде замената за Кварацхелија

Алехандро Гарначо, крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед нема сигурен статус во клубот по доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим. Англиските медиуми шпекулираат дека Аргентинецот ќе го напушти тимот во актуелниот преоден рок. Пишувањата на англискиот печат ги подржува и Танкреди Палмери еден од најпознатите италијански спортски новинари. Наполи е подготвен да го донесе Гарначо доколку Кварацхелија го напушти клубот и …

Continue Reading