ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ и фотографии од спектакуларниот 19-ти Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2025


19 grand prix
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската Спортска Стрелачка Федерација им се заблагодарува на сите учесници како натпреварувачи, а и гости пријатели на федерацијата и љубители на спортското стрелаштво кои го поддржаа спектакуларниот и извонредно организиран 19-ти Интернационален отворен турнир во спортско стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2025 кој се одржа на 24-ти и 25-ти мај 2025 година и беше еден од најмасовните и покрај лошите временски услови. Посебна Благодарност упатуваме до Министерството за спорт, Општина Гази Баба и нашите верни спонзори и поддржувачи без кои немаше да бидеме во можност да го одржиме истиот во континуитет 19 години.

  


На присутните се обрати Претседателот на МССФ Јордан Тасевски и Командантот на Првата пешадиска бригада, Бригаден генерал Дејан Чиплаковски и Градоначалникот на Гази Баба Г-дин Бобан Стефковски кој имаше чест свечено да го отвори 19-от Гранд При Скопје 2025. Со меѓународниот турнир Гранд При Скопје 19 години во континуитет препознатливо е спортското стрелаштво не само во Македонија туку и пошироко во регионот и спецификата на стрелиштето Камник, а тоа е стрелање во исто време од три стејџови и тоа на 25 метри, 100 метри и 200 или 300 метри каде што за сето тоа да се организира безбедно и професионално одговорен е тимот на МССФ кој го сочинуваат професионалци судии, поранешни и сегашни активни стрелци со изградена меѓусебна долгогодишна доверба, дисциплина и добра координација.

ОФИЦИЈАЛНИОТ БИЛТЕН СО РЕЗУЛТАТИ ОД 19-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2025 можете да го погледнете и симнете овде:

Билтен со резултати од 19-от Гранд При Скопје 2025

Во прилог фотографии од 19-от Grand Prix SKOPJE 2025

Линк

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK