Хуманитарен натпревар – Вардар против Црвена звезда

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, хуманитарен натпревар ќе одиграат Вардар и Црвена звезда. Според последните информации за натпреварот се продадени преку 20.000 билети. Средтсвата ќе им бидат донирани на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Натпреварот ќе започне во 20 часот, директен пренос ќе има на МРТ и каналот „Арена Премиум 3“.

Continue Reading

Менаџерот на Далас: Не жалам за Дончиќ

Нико Харисон, менаџерот на Далас Маверикс, уште еднаш објасни зошто го трејдувал Лука Дончиќ и повтори дека „одбраната носи титули“. Една од најголемите НБА ѕвезди од Далас се пресели во Лос Анџелес Лејкерс. Харисон го повтори својот став во вторникот во разговор со новинарите кои ги следат Далас Маверикс. Во едночасовниот разговор главна тема беше размената на играчи во која …

Continue Reading

Ираола и Силва го одбиле Тотенхем

Ангелос Постекоглу ќе го напушти Тотенхем на крајот на оваа сезона. Прашање е само како, има договор до јуни 2027 година, но челниците на клубот не се задовлни како тимот изгледа оваа сезона. Ниту освојувањето на Лига Европа не може да го спаси бидејќи досега во Премиер лигата Тотенхем на Постекоглу загуби 17 натпревари. Англиските медиуми додека лицитираат со името …

Continue Reading

Гираси го урна рекордот на Левендовски и Халанд

Серху Гираси постигна хет-трик во победата на Борусија над Барселона (3:1), но не успеа со „милионерите“ да се пласира во полуфиналето во Лигата на шампионите. Пресуди првиот меч, кој Барселона го доби со 4:0. Гираси, на „Вестфален“ урна неколку рекорди. Со трите гола дојде до бројката 13 сезонава во Лигата на шампионите. Сега тој е најдобриот стрелец на Борусија во …

Continue Reading

Енрике: Се тресевме од страв, но заслуживме да бидеме во полуфиналето

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике признава дека неговите играчи имале среќа, но смета дека заслужиле да се најдат меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во полуфиналето и покрај поразот од Астон Вила. Реваншот на „Вила Парк“ заврши со победа на англискиот тим од 3:2, првиот меч во Франција заврши …

Continue Reading

Еден натпревар суспензија за Мбапе

Дисциплинската комисија на Шпанскиот фудбалски сојуз донесе одлука за казната за Килијан Мбапе, кој доби директен црвен картон за груб фаул на натпреварот против Алавес. Се шпекулираше дека ќе биде суспендиран на најмалку два натпревари, а некои медиуми во Шпанија дури прогнозираа дека може да добие три или четири меча. Но… Мбапе ќе пропушти само еден натпревар. Мбапе беше исклучен …

Continue Reading

(Видео) Кари и Батлер го решија Мемфис, Орландо ја декласира Атланта

Голден стејт Вориорс и Орландо Меџик се пласираа во плеј-офот во НБА лигата со победите над Мемфис, односно Атланта. Вориорс во првата рунда на Западот ќе играат против Хјустон, а Орландо на Истокот за противник ќе го има Бостон. Стеф Кари и Џими Батлер го предводеа Вориорс до победата над Мемфис 121:116. Тие заедно постигнаа 75 поени. Мемфис започна одлично. …

Continue Reading

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведуваат

Една од најпопуларните спортски двојки во светот, поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер одлучија да се разведат, пишува „Билд“. Овој германски медиум се повикува на магазинот „Бунте“ и пишува дека Србинката и Германецот два месеца живеат одвоено, а сега наводно решиле да поднесат документи за развод. Швајцајгер поголемиот дел од времето го поминува во Минхен, каде што …

Continue Reading

(Видео) ПСЖ го преживеа пеколот на „Вила Парк“, а Барса драмата во Дортмунд

Фудбалерите на ПСЖ и Барселона се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите. Конечни резултати: Борусија Дортмунд – Барселона 3:1 и Астон Вила – Пари Сен Жермен 3:2. Барселона беше апсолутен фаворит против Борусија, што го потврди и на првиот натпревар во Шпанија каде победи со 4:0. Сепак, реваншот на Вестфален целосно им припадна на фудбалерите во жолто-црни дресови и …

Continue Reading