ОТВОРЕН НАЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА СПОРТСКО СТРЕЛАШТВО!
Денеска, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, со гордост присуствував на промоцијата на новиот Национален тренинг центар за олимписко спортско стрелаштво со воздушно оружје на 10 метри, сместен во Спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје. 🏟🇲🇰
Во подземниот дел на салата изградивме современ простор кој со сигурност можам да кажам дека е едно од најмодерните и најсофистицираните стрелишта на Балканот, опремен со електронски мети од реномираниот швајцарски производител SIUS , целосно усогласен со стандардите на Светската стрелачка федерација. 🎯
Националниот интерес и континуираното учество на македонските стрелци на меѓународните натпревари вклучително и на Олимписките игри, се доволен мотив да обезбедиме ваков квалитетен тренинг простор за нашите репрезентативци, клубови и идни шампиони. 🥇👊
Министерството за спорт ја поддржа реализацијата на овој проект кој е од огромна важност за македонското стрелаштво и за македонскиот спорт воопшто. 💪🏽🎯
Најважно од сè – стрелиштето ќе биде отворено за сите граѓани, без разлика на возраста. Од најмладите што сакаат да се занимаваат со овој спорт, па сè до највозрасните ентузијасти од Скопје и од цела Македонија – стрелаштвото е спорт за сите! 🤝
Ова е уште еден чекор напред за враќање на македонскиот спорт на местото што му припаѓа. 🇲🇰🏅