Шампионот победи во Њујорк, Шарлот го декласира Бостон

  Кошаркарите на Оклахома го победија Њујорк како гости со 103:100, а во исто време Шарлот го декласираше Бостон со 118:89. Синоќа, актуелниот шампион Тандер и претендентот за тронот од источниот брег го одиграа дербито, пред преполните трибини во Медисон Сквер Гарден. Оклахома, на крилата на Чет Холмгрен и Шеј Гилџис-Александер, ја продолжи својата победничка серија и ја зацврсти водечката …

Continue Reading

(Видео) Њукасл со играч помалку го победи Манчестер Јунајтед

  Њукасл ја прекина победничката серија на Манчестер Јунајтед во 29-то коло од Премиер лигата. На Сент Џејмс Парк, по спектакуларен финиш, домаќините славеа победа 2:1. Ова беше осми натпревар на „Црвените ѓаволи“, во Премиер лигата, откако Мајкл Карик го презеде тренерскиот штаб, а по шест победи и едно реми, ова е првиот пораз што 44-годишникот го претрпе како менаџер …

Continue Reading

(Видео) Реал Сосиедад се пласира во финалето на Купот

  Фудбалерите на Реал Сосиедад го победија Атлетик Билбао и се пласираа во финалето на Купот на Кралот. Откако Сосиедад го доби првиот натпревар со 1:0 во Билбао, со истиот резултат победија и во реваншот во Сан Себастијан. Со вкупен резултат од 2:0, сино-белите ги победија црвено-белите и се пласираа во финалето каде што ќе играат против Атлетико Мадрид. Реал …

Continue Reading

(Видео) Арсенал победи во Брајтон, Сити киксна против „Шумарите“, Жоао Педро ја растури Астон Вила

  Арсенал победи во Брајтон, а Манчестер Сити не успеа да слави против Нотингем Форест, во 29-то коло, во кое гостински победи забележаа Челзи и Вест Хем. „Топџиите“, во Брајтон, поведоа во деветтата минута, кога Сака влезе во средината и шутираше кон голот, а Фербруген лошо интервенираше, бидејќи топката му помина низ нозете наместо да забележи рутинска интервенција. Претходно, Брајтон …

Continue Reading

Пелистер во последните секунди извлече реми против ПСЖ

  foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа нерешено со ПСЖ 34:34 (15:18) во претпоследното коло, во Лигата на шампионите. Дејан Манасков во последните секунди реализираше напад и го постави конечниот резултат. ПСЖ, издоминира во првиот дел, два пати имаа „светците“ предност од четири гола, на полувреме заминаа со плус три. Играчите на Пелистер немаа намера да се предадат, …

Continue Reading

Видал: ВАР-от е воведен за да се спречат кражбите на Реал МадридВидал: ВАР-от е воведен за да се спречат кражбите на Реал Мадрид

  Поранешниот фудбалер на Барселона, Баерн и Јувентус, Артуро Видал, упати сериозни обвинувања против Реал Мадрид, тврдејќи дека видео помошникот на судијата (ВАР) е воведен единствено за да се спречи наводна кражба од страна на судиите во корист на „кралскиот клуб“. „Еден од најдобрите играчи во историјата на чилеанскиот фудбал, познат по својот борбен стил и отвореност, има соперништво со …

Continue Reading

Македонија ја доби организацијата на младинскиот Мундијал

  Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на младинското Светско првенство, кое ќе се одржи во периодот 23 јуни до 4 јули 2027 година. На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно …

Continue Reading

Барселона испадна од Купот и остана без Балде и Кунде

  Барселона, синоќа го победи Атлетико (3:0), но не успеа да се пласира во финалето на домашниот Куп. Пресуди победата од 4:0, што ја забележа Атлетико во првиот натпревар. Ден по натпреварот, тренерот Ханси Флик, доби лоши вести кога станува зброр за Жил Кунде и Алехандро Балде. Кунде се повреди на почетокот од натпреварот, на неговото место влезе токму Балде, …

Continue Reading

Арбелоа одржал кризен состанок

  Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа состанок со играчите по вториот последователен пораз во домашниот шампионат, објави радиото „Кадена Копе“. Во претходното коло, „Кралскиот клуб“ загуби од Хетафе со 1:0, претходно доживеа пораз во Осасуна (2:1), па предноста од еден бод во однос на Барселона се претвори во минус четири. Вториот последователен неуспех во првенството дополнително ја продлабочи …

Continue Reading