(Видео) Пет тима од Ф1 пристигнаа во Остин во специјални униформи

Вилијамс, Рејсинг Булс, Мекларен, Хас и Астон Мартин открија специјални бои со кои ги и украсија своите автомобили за време на Ф1 викендот во Остин, Тексас. Вилијамс оддава почит на својот дизајн од 2002 година, што ја означува годината на основање на главниот партнер Атласијан, а легендарниот Хуан Пабло Монтоја, колумбискиот возач кој возеше за Вилијамс таа година заедно со …

Continue Reading

(Видео) Спектакуларен гол на 42-годишниот Тијаго Силва

Поранешниот играч на ПСЖ, Челзи и Милан, Тијаго Силва, му донесе победа на својот Флуминенсе во 98-та минута со брилијантен гол за триумф над Хувентуд во бразилското првенство. Силва, кој цела кариера игра како централен дефанзивец, дојде на скок пред голот на противникот, постигна гол со акробатски потег. O gol espírita que o Thiago Silva arrumou no último lance pro …

Continue Reading

Јамал е меѓу 10-те најплатени во светот, листата ја предводи Роналдо

18-годишниот фудбалер на Барселона и шпански репрезентативец Ламин Јамал влезе на листата на најплатени фудбалери. Магазинот „Форбс“, објави ранг-листа на која Јамал е на 10-то место, со заработка од 37 милиони евра во изминатата сезона. Најголемата причина за таков скок на заработката на Јамал се потпишаните договори за спонзорство со голем број познати компании (Adidas, Konami, Powerade и Beats by …

Continue Reading

Јувентус го прекрши финансискиот фер-плеј, УЕФА покрена постапка

Јувентус потврди дека Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена постапка против клубот за кршење на финансискиот фер-плеј и очекува да биде казнет. Јувентус очекува да биде казнет за кршење на правилата на УЕФА, што може да доведе до забрана или ограничување за потпишување нови играчи во сезоната 2026/27, објавија италијанските медиуми. Црно-белите го потврдија прекршувањето во соопштение поврзано со објавувањето на …

Continue Reading

ИТФ ќе стане Светски тенис

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави дека ќе го промени своето име во „Светски тенис“ од 2026 година. Промената беше усвоена од националните тениски федерации на годишниот состанок на управното тело. „Промената ќе обезбеди појасен идентитет што е порелевантен за играчите, навивачите, партнерите и засегнатите страни во тенисот низ целиот свет и ќе го усогласи брендот со повеќето од најистакнатите светски …

Continue Reading

Синер и Алкарас рутински славеа над Ѓоковиќ, односно Фриц

Двајцата најдобри тенисери во светот, Карлос Алкараз и Јаник Синер се пласираа во финалето на турнирот „Шест Кралеви“ во Ријад. Турнирот е егзибиција, не е во калнедарот на АТП, а во полуфиналето Алкараз и Синер беа супериорни против Тејлор Фриц, односно Новак Ѓоковиќ. Јаник Синер во два сета со 6:4, 6:2 го победи Ѓоковиќ. Најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ …

Continue Reading

Ленокс Луис ги избра петте најдобри боксери на сите времиња

Ленокс Луис се смета за еден од најголемите имиња во тешка категорија во историјата на боксот. Иако има два порази со нокаут во кариерата, тој успеа да им се одмазди на двајцата борци кои го победија, постигнувајќи вкупно 41 професионална победа. За време на неговата импресивна кариера, поранешниот освојувач на златен олимписки медал се соочи со некои од најголемите легенди …

Continue Reading

Интер оствари рекорден приход

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, беше објавено на веб-страницата на клубот. Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал како целина. Претходниот рекорд го …

Continue Reading

Детали го делат Бенитез од клупата на Панатинаикос

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка. Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2. Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта …

Continue Reading