Фрајбург и Астон Вила во борба за првиот европски трофеј оваа сезона


screenshot-2026-05-20-102816.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

УЕФА Европа Лигата за натпреварувачката 2025/26 година дојде до крајот. Натпреварувањето започна пред десет месеци, за титулата ќе се борат Фрајбург и Астон Вила.


Двата тима влегоа во натпреварувањето во главната фаза, во која клубот од Бирмингем беше далеку поуспешен, забележувајќи седум триумфи со единствениот неуспех против Го Ахед Иглс, кои славеа дома со резултат од 2:1.

Од друга страна, Фрајбург ја заврши глвната фаза на седмата позиција со пет победи, два нерешени натпревари и еден пораз.
И Германците и Англичаните беа повеќе од доминантни во нокаут фазата и заслужено стигнаа до решавачкиот натпревар што ќе се одржи на стадионот Бешикташ во Истанбул.

Тимот од југозападна Германија ќе се обиде да стигне до најголемиот успех во историјата и до првиот европски трофеј, додека тимот од Бирмингем сака да го повтори подвигот од 1982 година кога, покрај европската круна, го освои и Суперкупот на Европа.

Главен адут на Астон Вила е менаџерот, Унаи Емери. Шпанецот е најтрофејниот тренер во ова натпреварување. Во кариерата четири пати триумфирал во Лига Европа, три пати со Севила (2014, 2015, 20160 и еднаш со Виљареал (2021). Финале во Лига Европа загубил само со Арсенал во сезоната 2018/2019).

Патот на финалистите до финалето.

1. коло: Фрајбург – Базел 2:1; Астон Вила – Болоња 1:0

2. коло: Болоња – Фрајбург 1:1; Феенорд – Астон Вила 0:2

3. коло: Фрајбург – Утрехт 2:0; Го Ахед Иглс – Астон Вила 2:1

4. коло: Ница – Фрајбург 1:3; Астон Вила – Макаби Тел Авив 2:0

5. коло: Викторија Плзен – Фрајбург 0:0; Астон Вила – Јанг Бојс 2:1

6. коло: Фрајбург – Салцбург 1:0; Базел – Астон Вила 1:2
7. коло: Фрајбург – Макаби Тел Авив 1:0; Фенербахче – Астон Вила 0:1

8. коло: Лил – Фрајбург 1:0; Астон Вила – Салцбург 3:2

1/8 финале: Фрајбург – Генк 5:1, 0:1; Астон Вила – Лил 2:0, 1:0

1/4 финале: Фрајбург – Селта 3:0, 3:1; Астон Вила – Болоња 4:0, 3:1

1/2 финале: Фрајбург – Брага 3:1, 1:2; Астон Вила – Нотингем Форест 4:0, 0:1

Финалето во Истанбул ќе започне во 21 часот, ќе го суди Франсоа Летиксие од Франција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK