ФИФПРО ги објави идеалните тимови за 2025 година

Здружението на професионални фудбалери, ФИФПРО, во понеделникот ги објави идеалните тимови во машката и женската конкуренција за 2025 година. Повеќе од 26.000 фудбалери од 68 земји гласаа за најдобрите 11 во машката и женската конкуренција. Во „идеалните 11“ се вклучени најмногу играчи од европскиот шампион Пари Сен Жермен: Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња и Усман Дембеле, како и поранешниот играч …

Continue Reading

И Мастантуоно има проблем со пубалгијата, го чека подолга пауза

Фудбалерот на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, ќе биде надвор од терените на неопределено време поради повреда на препоните или спортска хернија, пишуваат шпанските медиуми. Според овие извори, 18-годишниот Мастантуно не тренирал заедно со тимот на Реал во понеделникот. „На нашиот играч Мастантуоно му е дијагностицирана пубалгија по медицинските тестови. Неговото закрепнување ќе биде внимателно следено“, објави клубот. Во соопштението не …

Continue Reading

Арнолд: Секогаш ќе го сакам Ливерпул

Англискиот фудбалер Трент Александар-Арнолд зборуваше за своето враќање на „Енфилд“ пред натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал. Десниот бек го замени својот роден град со Мадрид ова лето. Навивачите на Ливерпул не му го простија предавството. Најмногу поради начинот на кој го направи тоа, претходно не го обнови договорот, поради што си замина без …

Continue Reading

Виктор Треневски е кандидат за клупата на Партизан

Поранешниот македонски репрезентативец, Виктор Треневски, според црногорските медиуми и главниот кандидат за нов тренер на фудбалскиот клуб Партизан. Партизан, во неделата му врачи отказ на Срѓан Благојевиќ, откако клубот испадна од Купот на Србија, по поразот од второлигашот Мачва, а во саботата доживеа тежок пораз од Чукарички. Виктор Треневски е поранешен македонски фудбалер кој ги бранеше црно-белите бои помеѓу 1995 …

Continue Reading

Почина Шарлс Кост, најстариот олимписки шампион

Највозрасниот олимписки шампион во светот, поранешниот француски велосипедист Шарл Кост, почина на 101-годишна возраст, објави министерката за спорт на Франција, Марина Ферари. Кост го освои златниот медал на Олимписките игри во Лондон во 1948 година во дисциплината екипна потера, а минатото лето беше носител на олимпискиот факел на Игрите во Париз. Le #CNOSF rend hommage à la mémoire de Charles …

Continue Reading

Играч проценет на 70 милиони евра добил закани со пиштол, уапсен неговиот менаџер

Познат играч на англиската Премиер лига, чија вредност се проценува на речиси 70 милиони евра, доживеал застрашувачки инцидент кога му се заканиле со пиштол во центарот на Лондон. Фудбалерот, кој е во дваесеттите години, бил во друштво на пријатели кога нападот се случил на 6 септември доцна навечер, поради што била повикана полицијата, пишува „Сан“. Поради инцидентот, 31-годишен фудбалски менаџер …

Continue Reading

„Кукавици, немате мадиња“, Мурињо дивеел во соблекувалната на Челзи по поразот од Барса

Поранешниот играч на Челзи и англиски репрезентативец, Џо Кол, откри како Жозе Мурињо го „запалил“ тимот по поразот од Барселона во 2005 година. Годината е 2005 година. Стадион „Камп Ноу“. Челзи загуби од Барселона со 2:1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. А потоа – експлозија. Жозе Мурињо, тогашниот тренер на „сините“, влегол во соблекувалната и истурил …

Continue Reading

Синер го „скокна“ Алкараз – Италијанецот повторно е број 1

Јаник Синер, вчера го освои првиот Мастерс трофеј оваа сезона, во финалето во Париз го победи Феликс Оже-Алијасим (6:4, 7:6). Италијанецот по триумфот на Мастерсот во Париз, по два месеци се врати на челната позиција на АТП листата. Јаник Синер на првото место има 11.500 поени, односно 250 повеќе од Карлос Алкараз, кој неочекувано во Париз испадна во втората рунда. …

Continue Reading

Рома загуби од Милан и остана без Дибала

Паоло Дибала е трагичарот на дербито меѓу Милан и Рома. Аргентинецот промаши пенал во 82-та минута, при водство на противникот 1:0. Рома го загуби дербито и остана без Дибала, кој се повреди. „Најлошото нешто во врска со пеналот е што Дибала се повреди. Мора да видиме колку долго ќе биде надвор од теренот, сигурно до крајот на репрезентативната пауза. Тоа …

Continue Reading