(Видео) Нов дебакл на Челси, Јуанјтед лесно со Вест Хем

Челси во 23.коло, во Премиер лигата, доживеа нов дебакл на „Стенфорд Бриџ“. Вулверхемптон победи со 4:2, благодарение на Матеус Куња. На „Олд Трафорд“, во Манчестер, Јунајтед лесно го победи Вест Хем со 3:0. Без победник 1:1, заврши натпреварот Борнмут-Нотингем Форест. Натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ започна идеално за Челси. Брилијантната асистенција на Каиседо во 19.минута во гол ја претвори Кол Палмер. …

Continue Reading

Патики на Џордан продадени за осум милиони долари

Мајкл Џордан не се занимава активно со кошарка повеќе од 20 години, но сепак е еден од најпопуларните, ако не и најпопуларниот спортист на планетата. Тоа го покажува и податокот дека на аукција во Њујорк се продадени шест пара од неговите патики, кои ги носел на патот до освојувањето на шест шампионски прстени, за осум милиони долари. „Рекордните цени платени …

Continue Reading

(Видео) Џирона не победи и остана без тренерот и двајца играчи пред мечот со Реал

Реал Мадрид вечерва го игра дербито со Атлетико, но како шо стојат работите ја стави едната рака на шампионскиот пехар. Џирона, која игра фантастично од почетокот на сезоната, синоќа одигра 0:0 со Реал Сосиедад и му ја препушти челната позиција на табелата. Во следното коло Џирона ќе му гостува на Реал во Мадрид. Џирона против Сосиедад постигна гол во 24.минута, …

Continue Reading

(Видео) Неверојатен настап на голманот на Јужна Африка во пенал серијата

Репрезентацијата на Јужноафриканската Република е последниот полуфиналист на овогодинешното издание на Африканскиот куп (КАН), откако во четвртфиналето во Јамусукр со подобро изведување на пенали ги победи Зеленортските острови со 2:1. Во текот на 120-те минути игра немаше голови, а при изведувањето на пенали херој стана капитенот на Јужна Африка, голманот Ронвен Вилијамс кој одбрани четири удари од белата точка. Со …

Continue Reading

Ембид нема да ја одбрани МВП титулата, ќе оди на операција

На Џоел Ембид, центарот на Филадефија, му е дијагностицирана повреда на левото колено, поради што се размислува да замине на операција, пренесува „Атлетик“. Новинарот на овој медиум, Семс Чарнија, потврда за оваа информација добил од два информирани извори. Ембид во разговор со медицинскиот персонал ќе одлучи дали е најдобро само да се одмори или да оди на операција, до која …

Continue Reading

Белингем под истрага

Ла Лига ангажирала експерт за да ги истражи наводните навреди кои Џуд Белингем ги упатил кон Мејсон Гринвуд. „Хетафе поднесе жалба до директорот на натпреварите во Ла Лига и, како што е нормално во овие околности, лигата побара од експерт за читање усни да ја истражи работата и да постапи по она што може да го потврди“, изјави денеска портпаролот …

Continue Reading

(Видео) Евертон го преживеа налетот на Ришарлисон

Фудбалерите на Евертон и Тотенхем ремизираа 2:2 (1:2) во првиот натпревар од 23. коло на англиската Премиер лига. Натпреварот на „Гудисон“ понуди многу возбудувања, а расплетот се случи во судиското надополнување, поточно во 94. минута кога Брајтвајт го постави конечниот резултат. Еверотн го преживеа брилијантниот настап на својот поранешен играч Ришарлисон. Бразилецот погоди во четвртата и 41.минута.

Continue Reading

(Видео) Миовски не му дозволи на Селтик да го победи Абердин

Абердин и Селтик одиграа 1:1, во првиот натпревар од 24.коло, во Премиер лигата на Шкотска. Абердин и по осум години не успеа да слави над Селтик на домашен терен, но можеда биде задоволен од освоениот бод, бидејќи лидерот на табелата беше подобар на теренот и многу поопасен предд противничкиот гол. Абердин на теренот го предводеше македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски. Македонскиот …

Continue Reading

Чави за Реал Мадрид и судиите: Мислат дека сме глупави

Чави Ернандез, тренерот на Барселона, повторно жестоко ги нападна судиите.Тврди дека тие секогаш носат одлуки во корист на најголемиот ривал Реал Мадрид. Пред десетина дена зборуваше по пресвртот на Реал против Алмери, а сега повторно се огласи. „Дури и на натпреварот на Реал против Хетафе се случија работи кои не се нормални. Не можеме да влијаеме на нив, но сите …

Continue Reading