(Видео) Неверојатен настап на голманот на Јужна Африка во пенал серијата

Видео-Неверојатен-настап-на-голманот-на-Јужна-Африка-во-пенал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Репрезентацијата на Јужноафриканската Република е последниот полуфиналист на овогодинешното издание на Африканскиот куп (КАН), откако во четвртфиналето во Јамусукр со подобро изведување на пенали ги победи Зеленортските острови со 2:1.

Во текот на 120-те минути игра немаше голови, а при изведувањето на пенали херој стана капитенот на Јужна Африка, голманот Ронвен Вилијамс кој одбрани четири удари од белата точка.

Со тоа Вилијамс постави рекорд бидејќи никој во историјата на едно континентално натпреварување не одбранил четири од пет удари од белата точка.

За Јужноафриканската Република ова е четврто полуфинале во историјата на КАН. Сите три претходни ги постигна во својот златен период, од 1996 година, кога ја освоија шампионската титула на домашен терен, до 2000 година.

Од друга страна, ова беше четврти настап за Зеленортските острови на завршниот турнир, втор пат тие се пласираа во четвртфиналето, но сепак не успеаја да се пласираат во полуфиналето.

Во полуфиналето Јужна Африка игра против Нигерија која во петокот ја победи Ангола со 1:0. Во второто полуфинале ќе играат домаќините Брегот на Слоноватак и ДР Конго.

Полуфиналните натпревари се закажани за 7 февруари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK