Ембид нема да ја одбрани МВП титулата, ќе оди на операција

Ембид-нема-да-ја-одбрани-МВП-титулата-ќе-оди-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На Џоел Ембид, центарот на Филадефија, му е дијагностицирана повреда на левото колено, поради што се размислува да замине на операција, пренесува „Атлетик“. Новинарот на овој медиум, Семс Чарнија, потврда за оваа информација добил од два информирани извори.

Ембид во разговор со медицинскиот персонал ќе одлучи дали е најдобро само да се одмори или да оди на операција, до која е поблиску во овој момент, иако нема официјална потврда од челниците на Филаделфија.

Ембид се повреди на дуелот против Голден Стејт, кога Џонатан Куминга падна врз неговото лево колено во последната четвртина.

Како резултат на тоа, актуелниот МВП на НБА не играше против Јута. Тоа беше неговиот 13-ти натпревар оваа сезона го пропушти. Со новото правило во кое за да се биде во МВП трката мора де се одиграат најмалку 65 од 82 натпревари, тешко е да се замисли дека Ембид може да го одбрани трофејот.

Тоа би значело дека до крајот на регуларниот дел може да пропушти само уште четири натпревари, а со операција на повидок тоа ќе биде невозможна мисија.

Ембид моментално е трет во официјалниот пласман за МВП зад Шеј Гилџес–Александер и фаворитот Никола Јокиќ. Сезонава има просечни 35,3 поени и 11,7 скока со 5,7 асистенции и 1,8 блокади.

Да потсетиме, Ембид минатата сезона стана играчот со најмалку одиграни натпревари (66) кој беше прогласен за МВП уште од Бил Волтон во сезоната 1977/78.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK