Марко Трајаноски со историско злато за Македонија на Европското првенство во ММА
-
Новинар
-
February 18, 2025
-
Останати спортови, Спорт
-
0 Comments
Македонија испиша историја на Европското првенство во ММА, кое се одржа во Белград, Србија. Македонскиот репрезентативец Марко Трајаноски, член на клубот „Д Стронгест“ Скопје, го освои првото европско злато за нашата земја, постигнувајќи извонреден успех на најголемата европска сцена во аматерскиот ММА. Тој освои четири победи против Бугарија, Романија, Украина и Италија за само еден ден. Овој подвиг е огромен …
Continue Reading
Саинц: Хамилтон има големи шанси сезонава да ја освои титулата
Карлос Саинц, поранешниот возач на Ферари, од оваа сезона возач на Вилијамс, изјави дека Луис Хамилтон ќе има одлични шанси со италијанскиот тим да ја освои шампионската титула во Формула 1. По 11 години минати во Мерцедес, Британецот се пресели во Ферари, каде оваа сезона ќе вози покрај Шарл Леклер. Хамилтон во италијанскиот тим дојде на местото на Саинц. „Кога …
Continue Reading
Раст и Холденер за дупла победа на Швајцарија во слалом
Швајцарија ја продолжи доминацијата на Светското првенство во Залбах, Австрија. Репрезентативките на од оваа земја ги освоија првите две места во трката, во слалом. Златото и припадна на брилијантната Камила Раст, која убедливо стигна до тронот. Беше најбрза во првото возење, четврта во второто, што беше доволно за да го постигне најголемиот успех во кариерата со време од 1:58.00 минути. …
Continue Reading
Неверојатен Норвежанец во еден ден урна два светски рекорди
Норвешкиот тркач на средни патеки Јакоб Ингебригтсен во четвртокот собори два светски рекорди во сала, од кои едниот траеше само пет дена. Во трката на една милја (1609 метри), Норвежанецот го надмина резултатот на Џаред Нугусе и стана нов светски рекордер со време од 3:45,14 минути. Американецот рекордот го постави пред пет дена. Ингебригтсен, исто така, постигна најдобро време на …
Continue Reading
(Видео) Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1
Актуелниот шампион во конструктори, Мекларен, денеска го претстави новиот болид со кој ќе се натпреварува во Формула 1 оваа сезона. Мекларен го претстави болидот „MCL39“ на Силверстоун, а возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри возеа заедно 200 километри колку што е дозволено според правилата, објави „Скај Спорт“. Мекларен претстави болид со алтернативен геометриски дизајн на маската во црна и папаја …
Continue Reading
Усик: Уште две борби и ќе се пензионирам
Украинскиот боксер Олександар Усик изјави дека му преостануваат уште две борби во кариерата и дека сака да се соочи со победникот од дуелот меѓу Даниел Дубоа и Џозеф Паркер. Непоразениот светски шампион во тешка и крузер категорија успеа да ги обедини сите четири главни титули во тешка категорија со победата над Тајсон Фјури во мај минатата година. Набргу, поради правилата, …
Continue Reading
Затворски казни за уценувачите на семејството Шумахер
Судот во Вупертал, Германија, осуди тројца мажи на затворски казни поради обид за уцена на семејството на легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер. Дојче веле пренесува дека 53-годишниот Јилмаз Т. добил тригодишна затворска казна поради закана дека ќе ги објави приватните податоци на славниот Германец и неговото семејство на „dark web“ доколку семејството на Шумахер не им …
Continue Reading
Швајцарска доминација во екипна комбинација во Залбах
Швајцарските скијачи ги освоија сите медали во екипна комбинација на Светското првенство во Залбах, Австрија. Најбрзи беа Франц фон Алмен и Лоик Мајер. Во новото натпреварување во екипна комбинација, едниот скијач скија во спуст, а другиот слалом, нивните резултати се собираат. Фон Алмен и Мејар го освоија златниот медал со време од 2:42,38 минути. Сребрениот медал го освоија Алексис …
Continue Reading
Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација на СП
Американските скијачки Микаела Шифрин и Бризи Џонсон освоија злато во новата екипна комбинација на Светското првенство, во Залбах, Австрија. Новата тимска комбинација вклучува еден член на тимот да се натпреварува во слалом, а другиот во спуст. Времињата на двата члена потоа се собираат за да се добие нивниот конечен резултат. Шифрин настапи во слалом, додека Џонсон во спуст. Победија со …
Continue Reading