Астон Мартин го „продаде“ името за најдоброто гориво во светот
Фернандо Алонсо и Ленс Строл следната сезона ќе го возат автомобилот „АМР24“, кој уште две години ќе го придвижува моторот на Мерцедес, како и најмодерното гориво, масла и лубриканти од лабораториите на моќната саудиска компанија „Арамко“, водечки светски „играч“ во нафтената индустрија. Заминувањето на компанијата „Когнизант“ од тимот во сопственост на канадскиот милијардер Лоренс Строл, таткото на Ленс, значеше и …
Continue Reading
Ленс Армстронг откри како со години ја мамел антидопинг контролата
Американскиот велосипедист Ленс Армстронг, кој влезе во историјата на спортот како најодликуван спортист на кој му беа одземени сите најголеми награди, откри какви трикови користел на допинг контролите. Тој во подкастот на Били Махер признал дека користел супстанци кои остануваат во телото најкратко време, за практично да не се откријат. Затоа беше „чист“ на речиси секоја допинг контрола во …
Continue Reading
(Видео) Американецот Бенет победи во Валгардена
Спектакл и сезација донсе првиот спуст во новата сезона во Светскиот куп. Трката се возеше во Вал Гардена. За сензацијата се погрижи Американецот, Брус Бенет, кој победи со стартен број 34. Бенет без грешка ја мина патеката и со резултат 1:23.80 минути го освои првото место. Интересно е што ова му е втора победа во кариерата, а првата ја постигна …
Continue Reading
Шест атлетичари прогласени за најдобри во светот
Светската атлетика прогласи шест атлетичари за најдобри во светот во 2023 година. Годинава за прв пат беше одлучено да не се избираат само една жена и еден маж, туку да бидат застапени сите дисциплини. Така беа избрани најдобрите во тркачките дисциплини, најдобрите во техничките дисциплини и најдобрите во трките надвор од стадионот. Тигисет Асефа (маратон) Јулимар Рохас (трискок) Фејт Кипјегон …
Continue Reading
Без знамиња, химни и само во поединечна конкуренција – Олимпискиот комитет со одлука за руските и белоруските спортисти
Руските и белоруските спортисти ќе се натпреваруваат во поединечна конкуренција како неутрални на Олимписките игри во Париз во 2024 година, соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Тие ќе се натпреваруваат како неутрални, без знамиња, национални амблеми и химни. Светлосините униформи се задолжителни според правилата на Меѓународната гимнастичка федерација. Русија и Белорусија нема да се натпреваруваат во екипни спортови во …
Continue Reading
(Видео) Првиот супервелеслалом во сезоната за Софија Гоџа
Foto/ EPA Италијанската скијачка Софија Гоџа денеска славеше во супервелеслаломот од Светскиот куп во Сент Мориц, Швајцарија. Гоџа победи во првиот супервелеслалом сезонава со време од 1:16,63 минути. Второто место и припадна на Корнелија Хутер од Швајцарија, која заостануваше 0,95 секунди од победничката, додека нејзината сонародничка Лара Гут-Бехрами беше трета со 1,02 секунди зад Италијанката. Меѓу првите пет се најдоа …
Continue Reading
(Видео) Повреден полицаец, солзавец и над 400 уапсени на одбојкарскиот натпревар Олимпијакос-Панатинаикос
Познато е ривалството меѓу навивачите на Олимпијакос и Панатинаикос, но на одбојкарското дерби тоа доби ново ниво. Две фракции се судрија пред салата „Мелина Меркури“, а се започна некаде по 22 часот кога група од околу 150 навивачи излегле надвор од салата. Според полицискиот извештај, кон нив бил фрлен молотов коктел, а полицијата возвратила со солзавец кој стигнал до оние …
Continue Reading
Брачната двојка Волф под истрага на ФИА
Првиот човек на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф и неговата сопруга Сузи се под истрага од Светската автомобилска федерација (ФИА) за можен конфликт на интереси. Сузи Волф е извршен директор на Ф1 Академијата, која од неодамна функционира под покровителство на Формула 1, а служи за натпреварување во женска конкуренција. Бизнис магазинот Формула 1 објави дека тимските шефови се загрижени …
Continue Reading
Трекхаус рејсинг ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот
Американскиот тим Трекхаус рејсинг, од следната сезона, ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот. Трекхаус рејсинг, го презеде тимот РНФ кој веќе не постои. Американскиот тим ќе се натпреварува како сателитска екипа на Априлија. По завршувањето на сезоната, компанијата Дорна спортс објави дека РНФ остана без место во шампионатот, поради бројните прекршувања на договорот, што влијаеше на имиџот на Мото …
Continue Reading