Раст и Холденер за дупла победа на Швајцарија во слалом

Швајцарија ја продолжи доминацијата на Светското првенство во Залбах, Австрија. Репрезентативките на од оваа земја ги освоија првите две места во трката, во слалом. Златото и припадна на брилијантната Камила Раст, која убедливо стигна до тронот. Беше најбрза во првото возење, четврта во второто, што беше доволно за да го постигне најголемиот успех во кариерата со време од 1:58.00 минути. …

Continue Reading

Неверојатен Норвежанец во еден ден урна два светски рекорди

Норвешкиот тркач на средни патеки Јакоб Ингебригтсен во четвртокот собори два светски рекорди во сала, од кои едниот траеше само пет дена. Во трката на една милја (1609 метри), Норвежанецот го надмина резултатот на Џаред Нугусе и стана нов светски рекордер со време од 3:45,14 минути. Американецот рекордот го постави пред пет дена. Ингебригтсен, исто така, постигна најдобро време на …

Continue Reading

(Видео) Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Актуелниот шампион во конструктори, Мекларен, денеска го претстави новиот болид со кој ќе се натпреварува во Формула 1 оваа сезона. Мекларен го претстави болидот „MCL39“ на Силверстоун, а возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри возеа заедно 200 километри колку што е дозволено според правилата, објави „Скај Спорт“. Мекларен претстави болид со алтернативен геометриски дизајн на маската во црна и папаја …

Continue Reading

Усик: Уште две борби и ќе се пензионирам

Украинскиот боксер Олександар Усик изјави дека му преостануваат уште две борби во кариерата и дека сака да се соочи со победникот од дуелот меѓу Даниел Дубоа и Џозеф Паркер. Непоразениот светски шампион во тешка и крузер категорија успеа да ги обедини сите четири главни титули во тешка категорија со победата над Тајсон Фјури во мај минатата година. Набргу, поради правилата, …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Затворски казни за уценувачите на семејството Шумахер

Судот во Вупертал, Германија, осуди тројца мажи на затворски казни поради обид за уцена на семејството на легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер. Дојче веле пренесува дека 53-годишниот Јилмаз Т. добил тригодишна затворска казна поради закана дека ќе ги објави приватните податоци на славниот Германец и неговото семејство на „dark web“ доколку семејството на Шумахер не им …

Continue Reading

Швајцарска доминација во екипна комбинација во Залбах

Швајцарските скијачи ги освоија сите медали во екипна комбинација на Светското првенство во Залбах, Австрија.   Најбрзи беа Франц фон Алмен и Лоик Мајер. Во новото натпреварување во екипна комбинација, едниот скијач скија во спуст, а другиот слалом, нивните резултати се собираат. Фон Алмен и Мејар го освоија златниот медал со време од 2:42,38 минути. Сребрениот медал го освоија Алексис …

Continue Reading

Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација на СП

Американските скијачки Микаела Шифрин и Бризи Џонсон освоија злато во новата екипна комбинација на Светското првенство, во Залбах, Австрија. Новата тимска комбинација вклучува еден член на тимот да се натпреварува во слалом, а другиот во спуст. Времињата на двата члена потоа се собираат за да се добие нивниот конечен резултат. Шифрин настапи во слалом, додека Џонсон во спуст. Победија со …

Continue Reading

Филаделфија го растури Канзас, го освои вториот Супербол во клупската историја

Филаделфија Иглс го „прегази“ Канзас Сити Чифс 40:22 во 59. Супербол во Њу Орлеанс. Филаделфија заслужено се одмазди за поразот дод пред две години и го освои својот втор трофеј Ломбарди. Се беше готово во првото полувреме. Од самиот почеток беше јасно дека Канзас Сити Чифс имаат проблем да најдат офанзивен ритам. Тоа најдобро го илустрира фактот што шампионот само …

Continue Reading

Фишер го урна светскиот рекорд на 3.000 метри во сала

Американскиот атлетичар Грант Фишер испиша историја на „Millrose Games“ во САД. Фишер го собори светскиот рекорд во трката на 3.000 метри во сала со време од 7:22.91. Со тој подвиг го собори рекордот на Ламеча Гирма од Етиопија (7:23.81). Второпласираниот Кол Кукер истрча неверојатни 7:23.14, исто така побрзо од претходниот рекорд. Третото место му припадна на Џими Гресие од Франција …

Continue Reading