Високи европски признанија за македонската џудо федерација

На 77. Конгрес на Европската џудо унија (EJU), одржан во Лас Палмас, Џудо федерацијата на Република Северна Македонија оствари историски успех, добивајќи две високи европски признанија. Федерацијата беше официјално прогласена за „Најдобар европски организатор за 2025 година“, за исклучително успешната организација на Европското првенство за кадети и EYOF, реализирани со врвен професионализам, прецизност, одличен менаџмент на настани и исклучителна грижа …

Continue Reading

Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо

Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година. На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција. Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, …

Continue Reading

(Видео) Прва победа на Линдзи Вон по повеќе од седум години

Првата трка во спуст во женска конкуренција оваа сезона како дел од Светскиот куп донесе спектакл. Американската легенда, Линзи Вон, ја однесе победата во Сент Мориц. За 41-годишната Вон, ова е прва победа во Светскиот куп од март 2018 година и нејзиното враќање на скијањето минатата сезона, откако речиси пет години беше во пензија. Вон се врати од операција на …

Continue Reading

Гисин го повреди ‘рбетот, ги движи рацете и нозете по операцијата

Швајцарската скијачка Мишел Гисин доживеа тежок пад за време на тренингот во четврток, а еден ден подоцна информациите за повредите воопшто не се охрабрувачки. Двократната олимписка шампионка се здоби со сериозни повреди кога со полна брзина се удри во заштитна ограда за време на тренингот во Сант Мориц, пред да биде запрена од следната ограда. Прва помош ѝ беше укажана …

Continue Reading

Ферстапен и оваа година најмногу заработил во Ф1

Холандскиот возач во кокпитот на Ред Бул, до неодамна светски шампион Макс Ферстапен и оваа година како најплатен во „најбрзиот циркус“. Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени во Формула 1 и четврта година по ред, сите гледаат „во ретровизорот“ во четирикратниот светски шампион, барем кога станува збор за заработката. Практично, Макс забаработи речиси исто како и минатата година. Неговата …

Continue Reading

Норис потврди дека ќе ја носи „единицата“ на својот болид

Новиот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис, потврди дека ќе ја носи единицата на својот болид наредната сезона. Според правилата на Формула 1, само актуелниот шампион има право да го користи бројот број еден на автомобилот, а Норис го заработи ова право откако ја освои титулата за прв пат во својата кариера во неделата. Тој заврши трет на последната …

Continue Reading

Хамилтон: Само сакам да се исклучам од Матриксов

Луис Хамилтон едвај чекаше да заврши сезоната во Формула 1, сезона во која ги забележа најлошите резултати во кариерата. Се очекуваше многу од Британецот, за кого ова беше прва сезона во Ферари, но целата сезона беше катастрофална. Хамилтон никогаш не успеа да стигне до подиумот во сезоната, која штотуку заврши, додека единствената победа ја забележа во спринтерската трка во Кина. …

Continue Reading

(Видео) Норис во солзи ја прослави шампионската титула

Ландо Норис, во Абу Даби на патеката „Јас Марина“, стана 35-тиот возач кој го освои шампионатот во Формула 1. Норис е 11-от Британец со светска титула. Воедбо Британецот на Мекларен му ја донесе првата титула во конкуренција на возачи по 2008 година. Во последната трка од сезоната, 26-годишниот Британец заврши трет, доволно за да ја прекине четири годишната доминација на …

Continue Reading

Ферстапен на стартот пред Норис и Пјастри

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Абу Даби, последната трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Актуелниот шампион стигна до најдобрата стартна позиција на патеката „Јас Марина“ со време од 1:22.207 минути, две десетинки пред Ландо Норис во Мекларен. Двајцата, инаку главни претенденти за титулата, беа следени од вториот возач на Мекларен, Оскар …

Continue Reading