Македонските натпреварувачи утре стартуваат на Европскиот олимписки младински фестивал

– Македонските спортисти утре ќе го имаат својот премиерен настап на Европскиот олимписки младински фестивал, кој во неделата официјално беше отворен во Марибор. Македонската експедиција е составена од четворица натпреварувачи во џудо, атлетика, пливање и гимнастика, а знаменосец на свеченото отворање беше џудистот Никола Магдески. Атлетичарот Брајан Авија утре претпладне го очекува настап во дисциплината скок во далечина, а во квалификациите …

Continue Reading

Македонските шахисти поразени од Турција на стартот на јуниорското екипно ЕП

– Македонската шаховска јуниорска репрезентација до 12 години со пораз го почна настапот на Европското екипно првенство, откако попладнево во воведното коло во романскиот град Иаши загуби од Турција со 1-3. Цел поен за македонската репрезентација освои Даниел Стефановски (1334, рејтинг) во дуелот против Ерен Бујук (1839), додека порази претрпеа Павел Крстевски, на втората, Никола Петровски, на третата и Благоја Миновски …

Continue Reading

Хамилтон: Реалноста е дека не сме доволно брзи

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги искажа впечатоците по трката во Формула 1 за ГН на Унгарија, споделувајќи го своето мислење за перформансите на тимот. Британецот призна дека немал доволно брзина за да се избори за победа, но шансата за подиум во голема мера ја пропушти поради лошиот старт. – Мислам дека е очигледно дека сме далеку од тоа да …

Continue Reading

Одбојкарите на Полска за прв пат ја освоија Лигата на нации

Одбојкарската репрезентација на Полска за прв пат во историјата стигна до трофејот во Лигата на нации. Со помош на домашната публика, Полска синоќа во Гдањск, во големото финале ја победи селекцијата на САД со 3:1 (25:23, 24:26, 25:18, 25:18). На овој натпревар Полска играше ослабена без својот најдобар играч Вилфрд Леон. Во натпреварот за третото место, Јапонија ја совлада Италија …

Continue Reading

Петар Заборски освои златен медал на европската Универзијада

 – Нов европски универзитетски карате првак е Петар Заборски од скопски „Макпетрол“. Во финалето во категоријата под 75 килограми на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, тој славеше со 2-0 против Константин Јаненко од Украина.   За студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола ова е втор златен медал во третото студентско финале. Во …

Continue Reading

Деветта сезонска и седма по ред победа за Верстапен, Ред Бул до рекордни 12 триумфи во низа

– Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја забележа деветтата победа оваа сезона во Формула 1 и седма по ред. Холанѓанецот попладнево беше најбрз на трката од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Унгарија.   За Верстапен ова е 44 победа во кариерата.   По трката на „Хунгароринг“ Ред Бул постави рекорд со 12 победи во низа (на …

Continue Reading

Трајковски освои бронза во скок во далечина на Балканијадата во Краљево

Со скок од 7,75 метри, македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, на Балканијадата во Краљево го освои 3. место во скок во далечина. Сѐ до последната шеста серија, Андреас беше на првото место и на чекор до освојување на златен медал, но српските атлетичари, Страхиња Јованчевиќ (7,89 метри) и Лазар Аниќ (7,78 метри), се најдоа на првите две места, благодарение на нивните …

Continue Reading

На патеката кон Пониква се одржа првиот ридско-брзински натпревар во автомобилизам

На патеката кон туристичкиот центар Пониква на Осоговските Планини денеска се одржа меѓународната авто-рели трка што се бодува за шампионатот на Централноевропската зона на Светската автомобилистичка федерација (FIA-CEZ), како и за домашниот шампионат за ридско брзински натпревари. Организатор на трката беше Автомобилистичката федерација на Македонија со техничка поддршка од авто клубот „Перформанс“ од Скопје и од Здружението на возачите – …

Continue Reading

Хамилтон: Не се сеќавам кога последен пат освоив пол

– Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз во вчерашните квалификациите за Големата награда на Унгарија и не ја криеше радоста по сесијата. Британецот ја освои на првата пол-позиција, по пауза од две години кога победи во квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија.   – Се чувствувам како ова да е мојата прва пол-позиција. Знам дека ги имаше многу, и …

Continue Reading