–>

Евгениј Поп Ацев влегува во Куќата на славните на маратонското пливање

Евгениј-Поп-Ацев-влегува-во-Куќата-на-славните-на-маратонското.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фото/ архива Топспорт

Евгениј Поп Ацев, eден од најдобрите пливачи во историјата на Mакедонија, доби големо признание на глобално ниво.
Меѓународната организација Куќа на славните во мартонското пливање објави дека Поп Ацев ќе стане нивни член на следниот собир, во мај2024 година.

„Најголема чест и привилегија е да се биде во ,,Куќата на славните за маратонското пливање”(IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонско пливање.

Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата, изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и ме подржуваа во изминативе 20 години“, напиша Поп Ацев на социјалните мрежи.

Кариерата на Поп Ацев траеше 14 години (20072021). Два пати, во 2015 и 2017 година, победи во Светскиот Гран-при во маратонско пливање. Ултра-маратонската серија на Светската пливачка органзација (ФИНА) ја освои во 2019 година.

Во Куќата на славните, Евгениј Поп Ацев ќе биде примен на 18 мај следната година во Канкун, Мексико.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK