Јокиќ рекордер кај центрите во НБА по трипл-дабл во плејофот

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ постигна трипл-дабл во петтиот натпревар против Феникс санс (118:102, 3-2). Јокиќ на натпреварот одигран рано утрово во Денвер, за 38 минути имаше 29 поени (12 од 20 од поле), 13 скока и 12 асистенции. За Србинот ова е 10-ти трипл-дабл во НБА плеј-офот, тој стана рекордер по овој показател меѓу центрите, престигнувајќи го легендарниот …

Continue Reading

НБА ги одреди најдобрите одбранбени петорки за сезоната 2022/23

НБА ги објави идеалните дефанзивни петорки за сезоната 2022/23. Најмногу гласови (96) доби кошаркарот на Мемфис Џерен Џексон. Во првата најдобра одбранбена петорка се најдоа: Џерен Џексон (Мемфис), Брук Лопез (Милвоки), Алекс Карузо (Чикаго), Еван Мобли (Кливленд) и Дру Холидеј (Милвоки). Втора петорка: Бам Адебајо (Мајами), Оџи Ануноби (Торонто), Дилон Брукс (Мемфис), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Дерик Вајт (Бостон).

Continue Reading

Џејмс по триумфот над Голден Стејт: Беше тежок натпревар, следниот ќе биде уште потежок

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се осврна на победата над Голден Стејт вориорс (104:101) во четвртиот натпревар од НБА плејоф – четвртфинале. -Беше тежок натпревар, но ќе биде уште потежок. Ние го разбираме ова. Знаеме дека ќе биде така, изјави Џејмс. Тој му оддаде признание на соиграчот Лони Вокер, кој постигна 15 поени во четвртата четвртина: „Немаше …

Continue Reading

Јокиќ казнет со 25 илјади долари поради туркање на сопственикот на Феникс

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е казнет од НБА со 25.000 долари. Дваесет и осумгодишниот Србин го оттурна сопственикот на Феникс, Мат Ишбија за време на четвртиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција. Во исто време, Јокиќ не доби суспензија од натпреварите. Јокиќ постигна 53 поени, но Феникс победи на натпреварот со 129:124 за израмнување на серијата (2-2). …

Continue Reading

Пелистер последен полуфиналист во кошаркарскиот плејоф

Екипата на Пелистер е последниот патник во полуфиналето од разигрувањето за титулата во македонското кошаркарска првенство. Битолчани вчеравечер го победија Феникс со 81:56 во мајсторката, откако на претходните два дуела од серијата резултатот беше 1:1 во победи. Во полуфиналето Пелистер ќе се соочи со ТФТ. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат „вечните“ ривали, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Continue Reading

Леброн: Не смееме да се опуштиме

Најголемата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, по убедливата победа (127:97) над Голден Стејт вориорс во треттио меч од плејоф серијата, ги предупреди соиграчите дека е невозможно да се опуштат со таков противник. – Не опуштајте се. Не смееме да си дозволиме да се опуштиме играјќи против тим како Голден Стејт. Мора да бидеме сконцентрирани. Ако се опуштиме, тие …

Continue Reading

Џејмс се искачи на петтото место по скокови во историјата на НБА плејофот

– Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс забележа осум скока во третиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција на НБА против Голден Стејт. Така, лидерот на Лејкерс стигна до 2.482 скока во плејофот и се искачи на 5-то место во историјата на НБА-лигата. Џејмс го помина легендарниот Карим Абдул-Џабар (2.481 скок). Пред Леброн се: Шекил О’Нил (2.508), Тим Данкан (2.859), …

Continue Reading

Милвоки го отпушти тренерот кој донесе титула по пауза од половина век

НБА лигашот Милвоки денеска му врачи отказ на 53-годишниот Мајк Баденхолцер под чие водство клубот во 2021 година ја освои втората шампионска титула во својата историја, а прва по пауза од 50 години. Оставката е последица на елиминацијата на Милвоки во првото коло од разигрувањето за титулата во кое екипата предводена од Баденхолцер влезе со најдобар ефект во регуларниот дел …

Continue Reading