Милвоки го отпушти тренерот кој донесе титула по пауза од половина век

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НБА лигашот Милвоки денеска му врачи отказ на 53-годишниот Мајк Баденхолцер под чие водство клубот во 2021 година ја освои втората шампионска титула во својата историја, а прва по пауза од 50 години.







Оставката е последица на елиминацијата на Милвоки во првото коло од разигрувањето за титулата во кое екипата предводена од Баденхолцер влезе со најдобар ефект во регуларниот дел од сезоната со 58 победи и 24 порази.

Милвоки на стартот од плејофот беше елиминиран од Мајами во серија која траеше пет натпревари.

Одлуката за оваа смена беше многу тешка. Бад ја водеше екипата низ пет неверојатни сезони со првата титула во последните 50 години и ја воведе во ера на континуиран успех, изјави генералниот менаџер на Милвоки, Џон Хорст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK