(Видео) Олимпијакос: Судиската грешка го реши натпреварот против Фенербахче

Кошаркарскиот клуб Олимпијакос смета дека судиите ги оштетиле против Фенербахче. Турскиот клуб синоќа, во трилер завршница го доби Олимпијакос со 79:77. Олимпијакос поради судиските одлуки поднесе жалба до Евролигата. Тимот од Пиреја верува дека Јам Мадар го фаулирал Најџел Вилијамс-Гос во последниот напад на натпреварот, но судиите не се огласија. До тој момент Гос имаше 3/3 од линија за слободни, …

Continue Reading

(Видео) Вембањама го растури Феникс

Виктор Вембањама блесна во полн сјај. Првиот пик од годинешниот драфт го предводеше Сан Антонио до победата над Феникс Санс 132:121. Избраниците на Грег Поповиќ брилијантно го отворија натпреварот. Првата четвртина ја добија со 39:20 и сигурно ја задржаа двоцифрената разлика. Во последниот период влегоа со плус 14 и се чинеше дека рутински ќе победат. Сепак, тогаш Санси почнаа да …

Continue Reading

Петрушев трејдуван во Сакраменто за Лука Митровиќ

Филип Петрушев стана нов кошаркар на Сакраменто Кингс, а сега се појавија и деталите од најновиот трејд. Петрушев летово пристигна во Филаделфија, франшиза која го избра на драфотот во 2020 година како 50.пик. Од почетокот на сезоната тој одигра само три минути за Филалделфија, а потоа како дел од трејдот за Џејмс Харден замина во ЛА Клиперс. Ден по пристигнувањето …

Continue Reading

(Видео) Прв пораз на Денвер, Бостон го затрупа кошот на Индијана, Лејкерси победија во градското дерби

Актуелните шампиони во НБА лигата, Денвер Нагетс го запишаа првиот пораз во новата сезона. Денвер, на гостувањето во Минеаполис, доживеа убедлив пораз од Минесота 110:89. Без пораз се уште се Бостон Селтикс и Далас Маверикс, Селтикс ја прегазија Индијана со 155:104, а Далас славеа против Чикаго 114:104. Ноќта во НБА ја обележаа два интересни натпревари одирани во Калифорнија. Голден стејт …

Continue Reading

НБА шампион ја засили Басконија

Црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ го направи првиот потег во четвртиот мандат во Виторија и го донесе Крис Чиоза (27) во Басконија. Американецот ја покрива плејмејкерската позиција, а договорил соработка со шпанскиот тим до крајот на сезоната, објави официјалниот сајт на клубот. Чиоза минатата сезона ја мина во Мурсија каде имаше просек од 9,9 поени, 3,5 скока и 5,4 асистенции. Претходно …

Continue Reading

Басконија ќе го повлече дресот на Луис Скола

Кошаркарскиот клуб Басконија ќе го подигне дресот на Луис Скола под сводовите на „Буеса арената“ пред натпреварот од шестото коло на Евролигата со Партизан, кој ќе се одигра в петок. Скола беше кошаркар и капитен на овој тим кога го носеше името Тау Керамика. Крилниот центар го носеше дресот на шпанскиот клуб од 2000 до 2007 година и за него …

Continue Reading

(Видео) Сан Антонио од -20 до триумф над Феникс

Сан Антонио Спарс надополнија негатива од 20 поени и славеа во дуелот со Феникс Санс 115:114. Трагичар беше Кевин Дурент кој во завршницата најпрвин загуби топка, а потоа промаши шут за победа. Кендал Џонсон ги предводеше Спарс до првата победа над Санс по девет последователни порази со 27 поени (10/20 од поле) и четири асистенции. Џонсон беше херојот за Спарс …

Continue Reading

Кендрик Нан во Панатинаикос

Кендрик Нан кариерата ќе ја продолжи во Панатинаикос. Ова го потврди првиот човек на клубот Димитрис Јанакопулос на својот Инстаграм профил. „Кендрик Нан од денеска е член на Панатинаикос“, напиша Јанакопулос. Новото засилување во ПАО пристигнува ден по победата над Олимпијакос. Интересно, во текот на летото Нан се поврзуваше и со Олимпијакос. Нан ги помина последните четири години во НБА, …

Continue Reading

(Видео) Нови победи за Денвер и Далас, Јокиќ и Дончиќ со трипл-дабл

Денвер Нагетс и Далас Маверикс се единствените две непоразени екипи на Западот од почетокот на сезоната. Изминатата ноќ Нагетс ја забележаа четвртата, а Маверикс третата победа. Трипл-дабл во победите забележаа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Нагетс во својата „Бол Арена“ ја победија Јута со 110:102. Јокиќ за 35 минути запиша 27 поени (шут од поле 12/16) со 11 асистенции и …

Continue Reading