(Видео) Дивјакот Грин го нокаутираше Нуркиќ
Феникс Санс забележаа победа во дербито на Западот, против Голден стејт Ворирос 119:116. Мечот го реши Девин Букер од линијата за слободни фрлања на 10 секунди до крајот. По натпреварот, најмногу се зборува за новиот дивјачки потег на Дрејмонд Грин. Крилниот кошаркар на Ворирос беше исклучен во третата четвртина откако по лицето го удри Јусуф Нуркиќ. Додека тие се бореа …
Continue Reading
(Видео) Денвер го преживеа рафалот на Богдановиќ
Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Атланта Хокс со 129:122. Натпреварот го обележа Богдан Богдановиќ, кој стана вториот играч во историјата на НБА, која како резерва успеал да постигне 10 тројки. Богдановиќ го одигра најдобриот натпревар во НБА кариерата со 40 поени, три скока, три асистенции. Тој постигна 10 тројки (14-24 од поле) и серизно ја истакнува кандидатурата за најдобра …
Continue Reading
(Фото) Миротиќ не играше, а брутално беше навредуван од навивачите на Партизан
Никола Миротиќ (32) е Србин од Црна Гора со шпанско државјанство и најскапиот кошаркар во Европа, кој минатата сезона во Барселона заработи пет милиони евра и зад себе има извонредна НБА кариера. Миротиќ летото требаше да дојде во Црвена звезда, доби понуда од 2,7 милиони евра по сезона. Тогаш на сцена стапи Партизан, со понуда од 3,5 милиони евра по …
Continue Reading
(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер, Дончиќ за полувреме ја растури Јута
Никола Јокиќ и Лука Дончиќ забележаа по трипл-дабл изминатата ноќ во НБА лигата, која ја обележа Зоел Ембид со 50 постигнати поени. Лука Дончиќ ги предводеше Далас Маверикс до 12-та победа во сезоната. Мавс ја декласираа 147:97, а Дончиќ постигна 40 поени, 11 асистенции и 10 скока, а на теренот мина 32 минути. Интересно Дончиќ во првиот дел дојде до …
Continue Reading
Кошаркарите на Монако гневни по поразот од Партизан: Игравме против осуммина
Кошаркарите на Монако, синоќа во Белград, доживеаја пораз од Партизан. Натпрварот беше решен по едно продолжение, Партизан победи 89:85. Тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ, по мечот му честиташе на својот постар сонародник Жељко Обрадовиќ, со напомена дека „некои ситуации заслужуваат коментар повеќе“. За разлика од тренерот кошаркарите на клубот од „малото кнежевство“, прстот го вперија кон судиите. „Што да кажам, …
Continue Reading
(Видео) Лејкерси го добија Феникс, се пласираа во полуфиналето во НБА купот
Лос Анџелес Лејкерс изборија пласман во полуфиналето на НБА купот со победата над Феникс од 106:103. Леброн Џејмс го предводеше својот тим со 31 поен, осум скока, 11 асистенции и пет украдени топки. Џејмс ја презеде одговорноста во последната четвртина во која постигна 15 поени. Максимално му помогна Ентони Дејвис, кој за неполни 39 минути на паркетот постигна 27 поени …
Continue Reading
(Видео) Индијана го елиминира Бостон во НБА купот
Кошаркарите на Индијана Пејрес се првите финалисти од Источната конференција во новоо натпреварување НБА куп. Индијана го победи Бостон во полуфиналето со 122:112. Халибартон мечот го заврши со 26 поени, 10 скока и 13 асистенции, Хилд додаде 21 поен, а Тарнер 17 со 10 скока. На другата страна Тејтум постигна 32 поени, Браун два помалку.
Continue Reading
(Видео) Жестока расправија меѓу Леброн и тренерот на Хјустон
Натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс (107:97) го одбележа вербалната расправија на Леброн Џејмс и тренерот на Хјустон, Име Удока. Во последната четвртина Леброн се пожали на досуден фаул во корист на Хјустон, на што реагираше Удока, не така љубезно. „Престани да плачеш како к****, човеку. Престани да кукаш“, а Леброн веднаш му одговори. „Сите сме возрасни луѓе. …
Continue Reading
(Видео) Тре Јанг го замолкна Сан Антонио, Вучевиќ подобар од Јанис
Изминатата ноќ се одиграа девет натпревари во НБА лигата, а еден од најинтересните е виден во „Фрост банк центарот“ во Сан Антонио. Атланта Хокс славеа против Сан Антонио Спарс 137:135. Ефикасно беше и во дуелот меѓу Мајами Хит и Индијана Пејсерс 142:132. Јанг беше централна фигура на натпреварот, во Сан Антонио. Ги постигна последните седум поени за Атланта, натпреварот го …
Continue Reading