Пауновиќ го наплати отказот во Овиедо, сега нема пречки да ја преземе Србија
Реал Овиедо и Вељко Пауновиќ постигнаа договор за раскинување на договорот, со што избегнаа судска постапка, со која повеќе од еден месец се соочуваше клубот. Според информациите од „Ла Нуева Еспања“, шпанската членот на Примера ќе му исплати 1,7 милиони евра на српскиот тренер и неговите помошници, кои имаа договори до крајот на тековната сезона. Со тоа, беа отстранети сите …
Continue Reading
Познати се 34 учесници на СП, вечерва ќе бидат познати уште пет од Европа
За првиот Мундијал во историјата со 48 репрезентации останаа уште 14 слободни места. Вечерва, од европската зона, уште пет селекции ќе изборат пласман на Светското првенство во Канада, САД и Мексико. Седум европски репрезентации: Англија, Франција, Хрватска, Норвешка, Германија, Холандија и Португалија го обезбедија своето место на планетарната смотра. Вечерва се закажани последните десет натпревари од десеттото коло, по што …
Continue Reading
„Шумарите“ ја одредија цената за Елиот Андерсон
Газдата на фудбалскиот клуб Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, ја одреди цената за најдобриот играч, Елиот Андерсон. Англискиот репрезентативец може да го напушти клубот, само соколку некој за неговите услуги е подготвен да плати 100.000.000 фунти, односно 113.000.000 евра. Андерсотн е клучен за играта на Нотингем Форест, има најмногу допири, најмногу комплетирани додавања, најмногу додавања во последната третина, најмногу освоени топки, …
Continue Reading
(Видео) Контроверзи и тензична атмосфера на трибините во Подгорица
Тензична атмосфера го одбележа натпреварот меѓу Црна Гора и Хрватска во Подгорица. „Коцкестите“ славеа по големиот пресврт (3:2), а во регионалните медиуми, повеќе се зборува за навивачите отколку за играчите. Гостинските навивачи, извикуваа „За дом спремни“ (усташки поздрав од периодот на Втората светска војна) и „Убиј го Србинот“, додека Црногорците ги придружуваа таквите извици со свирежи. Тие не застанаа тука, …
Continue Reading
Барди: Ќе биде тешко, подготвени сме да одговориме на предизвикот
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20:45 часот) ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со нерешен резултат или победа на гостувањето во Кардиф против Велс, нашиот национален тим ќе го обезбеди второто место во групата, што значи и поповолен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот. Капитенот Енис Барди е убеден дека Македонија има сили да …
Continue Reading
(Видео) Германија и Холандија се пласираа на СП, Хрватска во Подгорица од 2:0 до 2:3
Германија и Холандија се пласираа на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Европските великани славеа вечерва убедливи победи над Словачка, односно Литванија. Во најинтересниот натпревар и покрај тоа што не значеше ништо за конечниот пласман, Хрватска се врати по негативата од два гола и ја победи Црна Гора во Подгорица со 3:2. Германците во првиот дел ја декласираа Словачка, …
Continue Reading
Милевски: Да уживаме во натпреварот и да ја исполниме целта
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20:45 часот) го игра последниот натпревар од квалификациите за СП 2026. Доколку Македонија остане непоразена во Кардифпротив Велс, ќе го обезбеди второто место во групата, што значи дека противникот во полуфиналниот бараж ќе го чека од третиот „шешир“. Во спротивно, Велз ќе биде вотро во групата, а Македонија во баражот ќе влезе преку Лигата на …
Continue Reading
Пулишиќ под еден услов ќе остане во Милан
Кристијан Пулишиќ сè уште не потпишал нов договор со Милан, иако навивачите долго време очекуваа таков потег од клупското раководство. Актуелниот договор на Американецот истекува во јуни 2027 година. Според информациите од „Чизмата“, Пулишиќ не потпишал само од една причина – сака гаранции дека клубот ќе се квалификува во Лигата на шампионите. Според моменталните услови, Пулишиќ заработува 4,4 милиони евра …
Continue Reading
Македонија во моментов е во четвртиот шешир за дополнителните квалификации за СП
Полека станува јасно кои репрезентации од Европа ќе играат на Светското првенство, а кое своето место меѓу 48-те репрезентации ќе го бараат преку дополнителните квалификации. Во плејофот, во Европа, ќе учествуваат 16, а само четири од нив ќе се пласираат на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Каков е системот за дополнителните европски квалификации? 12 второпласирани репрезентации од квалификациите и …
Continue Reading