Барселона бара нов напаѓач по емотивното заминување на Роберт Левандовски, а спортскиот директор Деко веќе ги направи првите чекори.
На сите во Барселона им е јасно дека со оглед на финасиската ситуација, невозможен е трансферот на Хулијан Алварез. Атлетико за Аргентинецот бара 150 милиони евра, во кеш. Според шпанските медиуми, Деко отпатувал во Лондон за да се сретне со менаџерот на напаѓачот на Челзи, Жоао Педро.
Според шпанските медиуми, играчот е отворен за преселба во Каталонија.
„Деко потврди дека стапил во контакт со тимот на играчот, но нагласи дека разговорите меѓу клубовите сè уште не се започнати“, пренесуваат шпанските медиуми.
Иако Бразилецот е подготвен да дојде, Челзи нема лесно да го пушти, а се шпекулира дека трансферот би можел да достигне цена помеѓу 80 и 100 милиони евра.
Педро зад себе има одлична сезона и покрај лошите резултати на Челзи. На 50 натпревари постигна 20 гола и запиша девет асистенции.
И покрај ова, бразилскиот селектор, Карло Анчелоти не го вклучи во списокот за Светското првенство. Пред да дојде на „Стемфорд Бриџ“, Педро, ја изгради својата кариера во Флуминенсе, Вотфорд и Брајтон,.
Барселона сака што поскоро да го реши прашањето, околу наследникот на Левандовски, за да може новиот играч да се приклучи на тимот на време и да помине низ комплетни подготовки.
Клубот е свесен дека времето не е нивен сојузник и дека Челзи има намера да ја зголеми цената колку што е можно повеќе, бидејќи го гледаат Педро како важен дел од нивниот иден проект.
Сепак, Каталонците се надеваат дека желбата на фудбалерто ќе биде пресудна. Жоао Педро наводно инсистира на трансфер, што би можело да ги олесни преговорите, иако неговата разноврсност и способност да игра на повеќе офанзивни позиции би можеле да влијаат и на конечната цена.
Foto/ Depositphotos