Љутков од Охрид: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културните врски

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид оствари билатерална средба со својот унгарски колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан, која е во дводневна посета на нашата земја. Министрите Љутков и Ханко потврдија дека оваа посета и денешната средба се уште …

Continue Reading

Град Скопје: Граѓаните и превозниците со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ

Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ, велат од Град Скопје. „Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, …

Continue Reading

Стоилковиќ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците се сретна со просветни работници кои предаваат на босански јазик

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, се сретна со група просветни работници од земјава, кои предаваат на босански јазик. На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил …

Continue Reading

ДУИ: Погрешните политики ни ја одземаат европската иднина

Денес, нашата земја се соочува со болен момент, кој кај секој граѓанин што сонувал за европската иднина предизвикува длабоки чувства на разочарување и огорченост. Поради неуспехот на оваа влада да ги спроведе уставните реформи, Северна Македонија денес е одвоена од Албанија на својот пат кон Европската унија, велат од Демократската Унија за Интеграција. Според ДУИ, оваа одлука е директна последица …

Continue Reading

„Македонија го доживеа најголемиот пораз со ЕУ“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во својот развој го отпочна процесот на приклучување кон европското семејство, велат од ВМРО Народна партија. Од таму потсетуваат дека Република Македонија уште во 2001 година прва го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија која го навести патот …

Continue Reading

Николоски-Јанош Лазар: Изградба на брза пруга и квалитетно поврзување со земјите од Централна Европа е приоритет

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар.   Средбата е дел од работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.   Во фокусот на средбата беше изградба на брза пруга на …

Continue Reading

Билатерална средба на министерот Панче Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија, Шандор Пинтер. На средбата беше разговарано за повеќе прашања од заеднички интерес на двете држави, особено за соработката во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица. Беше потенцирана потребата за продлабочување на соработката помеѓу Центарот за обука …

Continue Reading

Таравари во Обединетите Нации повика на глобална соработка во борбата против антимикробната отпорност

Министерот за здравство Арбен Таравари учествуваше на состанокот на високо ниво за антимикробна отпорност 2024 година во Генералното собрание на Обединетите нации. Во својот говор на 79-та сесија пред Генералното собрание на ОН, министерот Таравари ја истакна посветеноста на Северна Македонија во борбата против глобалната закана од антимикробна отпорност како важен предизвик за јавното здравје и одржливоста на здравствениот систем …

Continue Reading

Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

Бугарскиот претседател, Румен Радев ја дефинираше одлуката на Европската унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и со Република Северна Македонија, како „логични последици на она што се случува во Скопје и Тирана и на политиката на владата на Северна Македонија и патот кој го избраа“, пренесува „БНР.бг“. Пред новинарите во Њујорк, каде што учествуваше на годишната …

Continue Reading