ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува претходната власт дека работела на раздвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ
Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ лажеа дека сме почнале преговори, а работеа на раздвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Честито. Уште едно достигнување за кое се заслужни ортаците во криминал и неспособност СДС и ДУИ. Успеја во намерата за раздвојување на Албанија и Македонија во европските интеграции. За ова достигнување напорно работеа 7 …
Continue Reading
Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со високиот претставник на американскиот Стејт Департмент за Западен Балкан, Александар Касаноф
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, во Њујорк оствари средба со Александар Касаноф, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан. На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја потенцираше важноста на стратешкото партнерство и пријателство со САД и изрази очекување за засилување на поддршката од официјален Вашингтон за што побрз почеток на …
Continue Reading
„Власта на СДС и ДУИ преку владиниот секретаријат за една година потрошила 23 милиони евра на сомнителен начин“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Владата предводена од СДС и ДУИ наместо да се грижи за граѓаните се грижела за интересот на поединци и за партискиот интерес. Државниот завод за ревизија за 2021 година констатирал неосновано исплаќање на средства од страна на Генералниот секретаријат на Владата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Генералниот секретаријат исплатил средства на несоодветен начин од делот владини програми во 2021 година во износ …
Continue Reading
Мисајловски од Пентагон: Продуктивни билатерални одбранбени консултации и потврдена македонско-американската одбранбена соработка
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски и Треша Гуенов, Главен заменик помошник на секретарот за одбрана на САД за меѓународни прашања, во Пентагон ги отворија Годишните Билатерални одбранбени консултации. На отворањето на Консултациите министерот Мисајловски ја истакна суштинската важност на македонско-американската одбранбена соработка, се заблагодари за значајната поддршка во опремување и модернизација на македонската Армија, за советодавната поддршка во одбранбените реформи, …
Continue Reading
Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово присуствуваше на презентација на најновиот софтвер за менаџмент на воздухопловни операции специјално дизајниран за потребите на хеликоптерските единици во состав на Министерството за внатрешни работи. Министерот Тошковски истакна дека операциите со хеликоптери се од клучна важност за МВР било да станува збор за спасување, транспорт, …
Continue Reading
(Видео) Орбан пристигна во Македонија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. „Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска“, кажа премиерот Христијан Мицкоски. Тој додаде дека очекува плодни разговори и заеднички иницијативи.
Continue Reading
Претседателката Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Њујорк, во рамки на посетата на САД по повод учеството на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). На средбата се разговараше за досегашната соработка и активностите на УНДП коишто се реализираат во нашата земја преку партнерства со македонските институции, општини …
Continue Reading
Јаневска: Националните програми за високо образование и научно-истражувачка дејност ќе бидат патоказ за идно делување
„Програмата за високо образование недвосмислено посочува дека потребни се подобри услови за настава, поголем ангажман на наставниот и научниот кадар, повеќе финансии и нова формула за финансирање и секако, интервенции во законската регулатива. Мора да профункционираат вистински Одборот за акредитација и Одборот за евалуација, за да обезбедат рационализација на високообразовните установи“. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. …
Continue Reading
ДУИ: Истекувањето на рокот за уставните измени е критичен момент
Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно го потврдува своето непоколебливо залагање за европската интеграција на Северна Македонија. Времето дојде да се исполнат дадените ветувања на нашите граѓани, кои континуирано ја поддржуваат евро-атлантската патека на нашата земја. Последните настани, вклучително и претстојното отворање на преговорите на ЕУ со Албанија, јасно покажуваат дека просторот за одлучни чекори брзо се затвора, посочуваат од …
Continue Reading