„Вреди“: Криминалот и корупцијата немаат етничка припадност

Од коалицијата „Вреди“ оценуваат дека помина времето кога криминалците го имаа главниот збор во нашите градови, маали и улици. „Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие макабри настани се минато. Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да …

Continue Reading

ДУИ за Сиљановска Давкова: Несоодветен јазик на претседателката на државата за агресијата врз Украина

Демократската унија за интеграција изразува загриженост и незадоволство од последните изјави на претседателката на Република Северна Македонија за време на приемот за дипломатскиот кор, каде, како што велат, непровоцираната и насилна руска агресија врз Украина беше опишана како „војна операција“. Ваквата реторика, за ДУИ, е неприфатлива и е во спротивност со ставовите на нашата држава како членка на НАТО и …

Continue Reading

Нови 200 милиони евра задолжувања-власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните, велат од СДСМ

„Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни“, соопшти СДСМ. „Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци. Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни …

Continue Reading

СДС и Филипче уште го штитат Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС се соучесници на Груби и ДУИ и креатори на деструктивните политики, криминалот и корупцијата во Македонија. Тоа што СДС и Филипче молчат и не се извинуваат за криминалот на Груби значи дека знаеле, го одобрувале и се соучесници во осиромашувањето на македонските граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „На СДС наместо државните интереси на прво место им беше интересот да останат на …

Continue Reading

(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството

Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче. „Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот. Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа …

Continue Reading

Мицкоски за Водици: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните

Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици, денот кога го славиме Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Како што се отворија небесата над Јордан, потврдувајќи ја светоста на овој чин, така и денес нека ни се отворат патиштата кон мир, …

Continue Reading

Муртезани во Киев: Поддржуваме решенија за мир и стабилност преку заеднички напори со стратешките партнери

Во рамки на работната посета на Украина, министерот Орхан Муртезани оствари неколку средби на кои ја потврди поддршката на Северна Македонија за евроинтегративниот процес на Украина. Министерот Муртезани ја истакна и целосната усогласеност на Република Северна Македонија со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, која претставува основа за нашата стратешка ориентација во однос на глобалните безбедносни предизвици. Муртезани …

Continue Reading

„Влен“: Го зголемивме буџетот во високото и средното образование, работиме на подобрување на квалитетот

За 2025 година Владата одлучи да го зголеми буџетот за образование, а од коалицијата „Влен“ велат дека станува збор за буџет кој ќе достигне вредност од 38 милиарди денари. „ВЛЕН го зголеми буџетот за образование за повеќе од два милиони евра. Ова ја покажува сериозноста и посветеноста на ВЛЕН на најделикатното поле на образованието кое беше во тотална летаргија. Со …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Не може да има 6 милијарди евра Буџет а да нема пари за поголеми плати на работниците

Власта има рекорден Буџет од 6 милијарди евра за оваа година, а вели дека нема пари за зголемување на платите на работниците, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданк Кузеска. Како што рече, уште кога беше во фаза на предлог Буџетот за 2025 година, СДСМ предупреди дека ова ќе биде најгломазниот и најраспинички буџет во историјата во кој ќе нема …

Continue Reading