Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара.
Соговорниците го поздравија досегашниот развој на билатералните односи и разговараа за потенцијалите за натамошно унапредување на севкупната соработка. Посебен акцент беше ставен на можностите за зајакнување на соработката на полето на економијата, трговската размена, туризмот, културата и образованието. Беше потенцирана потребата од зголемување на договорната рамка, како основа за понатамошна конкретна реализација на проекти и активности.
Воедно, тие разменија мислења и за актуелните меѓународни прашања, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.