Османи во Стразбур на средби со Мијатовиќ и Пејчиновиќ-Буриќ

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска во Стразбур оствари средби со Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ и со комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ. Османи претходно денеска се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ), каде ги претстави осегашните активности во својство на претседавач на ОБСЕ, при тоа како клучни …

Continue Reading

Тренчевска на средба со Дуџак и Ди Џовани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Росана Дуџак и претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани. На средбата се разговараше за досегашната соработка на организациите на Обединетите Нации и Министерството за труд и социјална политика, соопшти МТСП. Тренчевска на  средбата истакна дека Агенциите на Обединетите Нации својата поддршка …

Continue Reading

Преминувањето гранични премини со Косово на едно место засега само одлука, допрва треба да се потпишува договорот

За да сè поминува на граничен премин со Косово само на една контролна точка има само одлука, додека конечната имплементација ќе следи откако двете страни ќе потпишат договор, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е овластен од Владата за потпишувањето. -Има три одлуки за заеднички премин или таканаречено Уан стоп. Еден за Србија, една со Албанија и …

Continue Reading

Почнува асфалтирање на патот Демир Капија – село Клисура, дел од една од најстарите делници во државата

Утре почнува асфалтирање на патот Демир Капија – село Клисура, дел од една од најстарите делници во државата, делницата од Демир Капија до село Давидово, информираше денеска демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. Градоначалникот соопшти дека од утре, овој патен правец ќе биде  затворен за движење на сите моторни возила, се до негово завршување. Забраната за движење важи за секој работен ден, …

Continue Reading

Спасовски: МВР е на располагање за соработка со Општина Тетово

МВР и Секторот за внатрешни работи им стојат на располагање на тетовските локални власти. Полицијата и Општината секојдневно соработуваат во две смени од пајак службата, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање за честите критики на тетовскиот градоначалник Биљал Касами дека МВР не соработува со Општина Тетово. -Дали може да се подобри, сигурно може да …

Continue Reading

По иницијативата на Левица Уставниот суд привремено го суспендираше издавањето на изводи со етничка графа

Откако Левица, преку претставки до Уставниот суд, го оспори Упатството за водење матични книги како и Законот за матичната евиденција, но истовремено предложи и времена мерка да се стави вон сила Упатството со кое се предвидува внесување на националната припадност во изводите од матичните книги на родените, венчаните и умрените, вчера, судот донесе времена суспензија со која се забранува издавање …

Continue Reading

До крајот на годината сообраќајот во Тетово ќе се следи и со камери, најави Спасовски

Министерот Оливер Спасовски, кој денес во рамки на активноста „Отворен кабинет“ беше во Тетово, посочи дека со цел да се подобрат состојбите до крајот на годината во градот ќе се постават и камери за електронско следење на сообраќајот. Министерот вели дека статистички граѓаните се побезбедни кога во прашање е сообраќајот. – Состојбите се подобрени и тоа многу подобрени. Кога говорев …

Continue Reading

СПМ: Неопходни се нови вонредни парламентарни избори

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека во македонската јавност надвладува процесот на изразување на незадоволство за неправдите и корупцијата што како канцер се раширени насекаде. Барањата за одговорност за криминалите на СДС и ДУИ и злоупоребите на власта се толку силни што нереагирањето на судството и обвинителството ги згрозува и граѓаните и претставниците на меѓународната задница кои ги следат овие …

Continue Reading

Богоев: Царината ги зајакнува институционалните капацитети за финансиски истраги, посветени сме на ЕУ интегративниот процес

Зајакнувањето на капацитетите за водење финансиски истраги е од исклучителна важност за натамошен напредок во постигнување европски стандарди и критериуми во рамки на Поглавје 24 кои се однесуваат на финансиски истраги и постапки за одземање имотна корист стекната со криминал и имот од незаконско потекло. Ова беше една од темите на денешната средба на директорот на Царинската управа, Стефан Богоев …

Continue Reading