Ковачевски – Рама: Берлинскиот процес и останатите регионални иницијативи обезбедуваат побрза евроинтеграција на земјите од регионот

Премиерот Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со неговиот албански колега Еди Рама, на која во фокус на разговорот биле перспективите и придобивките од Берлинскиот процес, интеграциите во Европската Унија, како и важноста од натамошно зацврстување на билатералната соработка меѓу двете соседни земји, кои се членки на НАТО. Премиерите Ковачевски и Рама, соопштија од владината прес-служба, се согласиле дека евро-интегративните процеси …

Continue Reading

Беџети: Нема потреба да се формира нова политичка партија, несогласувањата да се решаваат внатре во ДУИ

Има разни разлики и ние сме фракција внатре во ДУИ и ние сме за решавање на несогласувањата внатре во партијата, вели во изјава за МИА градоначалникот на Општина Сарај и еден од членовите на фракцијата внатре во ДУИ, Блерим Беџети во врска со објавената вест дека постојат разлики меѓу членовите на оваа група. -Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција …

Continue Reading

Битиќи се сретна со новиот полски амбасадор Гжелчик: Македонија и Полска имаат голем потенцијал за развивање на трговската размена

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новиот амбасадор на Полска во Северна Македонија, Кшиштов Гжелчик со кого разговараше за можностите за продлабочување на трговската размена помеѓу двете земји, со акцент на подготовките за пристигнување на полска бизнис делегација во нашата земја во септември. Како што информираат од неговиот кабинет, посакувајќи …

Continue Reading

Шаќири: За десет дена МОН ќе има став дали ќе се поместува почетокот на учебната година

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември. Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година. -Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто …

Continue Reading

Премиерот на Албанија Рама во официјална посета на земјава

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе го пречека и ќе биде домаќин на Еди Рама, претседател на Владата на Албанија, кој е во официјална посета на државава. Ковачевски ќе го пречека Рама пред платото на Владата со највисоки државни почести. По средбата во Владата, двајцата премиери ќе одржат прес-конференција. За време на посетата на Скопје, Рама се очекува да оствари средби …

Continue Reading

Уставен привремено ги запре изводите со „националност“, Лога најавува ново упатство

Уставниот суд вчера со времена мерка го стопира упатството за издавање на лични документи со графата за етничка припадност, што значи дека Управата за матични книги нема да издава извод на родени во кој ќе биде впишана графата националност се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали е тоа уставно или не. По донесувањето на оваа одлука, министерот за …

Continue Reading

Седница на Комисијата за финансирање и буџет

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет. На дневен ред на седницата се Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2022 година, како и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година.

Continue Reading

Гир: Уставните измени се одговорност на секој пратеник, тие треба да ја погледнат големата слика и да видат кој е националниот интерес

– Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир вечерва во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма вели дека уставните измени нема да бидат последното барање од ЕУ, туку земјава треба да се фокусира на реформите, особено во владеење на правото. -Уставните измени нема да бидат последното доставено барање до оваа земја. Ние ќе бараме од оваа земја на секој чекор да прави …

Continue Reading

Османи – Герапетритис: Унапредување на соработката и одржување на позитивната динамика во односите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше телефонски разговор со новоименуваниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис. Честитајќи му за именувањето на новата позиција, Османи изрази уверување дека и за време на неговиот мандат ќе продолжи стратешкото партнерство и плодната соработка со Грција, заснована на пријателство, меѓусебна доверба и разбирање, соопшти МНР. Во фокус на разговорот беше …

Continue Reading