СПМ: Неопходни се нови вонредни парламентарни избори

спм
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека во македонската јавност надвладува процесот на изразување на незадоволство за неправдите и корупцијата што како канцер се раширени насекаде.







Барањата за одговорност за криминалите на СДС и ДУИ и злоупоребите на власта се толку силни што нереагирањето на судството и обвинителството ги згрозува и граѓаните и претставниците на меѓународната задница кои ги следат овие процеси.

Покрај сето тоа најкорумпираните, по дваесет години власт, бараат ветинг во политиката, судството и обвинителството со кое тие раководат. Смешно е и трагикомично самите себе да се проверуваат и секако никој нема да е виновен. Се ќе си оди во стилот: како и до сега, затоа народот не верува во лагите од ДУИ и СДС.

За да ги затскријат изразените криминали ДУИ и СДС го обвинуваат ВМРО ДПМНЕ и другите опозициски партнери со излитената фраза дека сите се виновни и криминалци, а ДУИ во секој поглед е невина. Како врв на цинизам и лицемерие самите тие откривањето на криминални активности на СДС и ДУИ го сведуваат на лажни вести и пропаганда затоа што вистината е болна и поразителна.

Затоа, Социјалистичката партија на Македонија повторува дека се неопходни нови вонредни парламентарни избори и заминувањето од власта на омразени корумпирани и криминални ликови мора да се случи. Народот е тој што е во право и знае да одбере посветени, чесни и национално определени поединци кои можат да ја вратат државата на вистинскиот пат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK