Тренчевска на средба со Дуџак и Ди Џовани

Jovanka Trencevska- mtsp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Росана Дуџак и претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани. На средбата се разговараше за досегашната соработка на организациите на Обединетите Нации и Министерството за труд и социјална политика, соопшти МТСП.







Тренчевска на  средбата истакна дека Агенциите на Обединетите Нации својата поддршка ја даваат токму на клучните прашања на кои е надлежно Министерството за труд и социјална политика како што се детската заштита, семејните вредности и родовата еднаквост. Тренчевска исто така ја објасни и моменталната ситуација на територијата на државата во однос на дилемата за предлог Законот за родова еднаквост и предлог Законот за матична евиденција. Таа повторно информираше дека предлог Законот за матична евиденција е повлечен од процедура уште од март 2022 година додека Законот за родова еднаквост како што објасни министерката досега бил на 18 јавни расправи и дека процесот на консултација продолжува и понатаму.

Од страна на координаторката на ОН, Дуџак беше посочено дека Министерството за труд и социјална политика ја има целосната поддршка за унапредување на човековите права каде спаѓа и прашањето за родовата еднаквост.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK